Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
167 
Посебни цели 
Ц1 – Продолжување на процесот на консолидација со цел зголемување на степенот 
на окрупнетост на парцелите на земјоделското земјиште;  
Ц2 – Подобрување на продуктивноста во производството и конкурентноста на 
секторот преку примена на научните истражувања, современи технологии и дигитализација;
 
Ц3 – Оптимално користење на земјоделското земјиште со почитување на начелата на 
добра земјоделска пракса, заштита на животната средина и заштита на биодиверзитетот.
 
5.3. Шуми и шумско земјиште, ловство 
Општи цели 
- 
Одржливо стопанисување со шумите и зголемување на придонесот на шумарскиот 
сектор во националната економија и руралниот развој; 
- 
Зголемување на површината под шуми и нивниот производен потенцијал, 
подобрување на стабилноста и квалитетот на шумите
 
Посебни цели 
Ц1 – Конверзија на нискостеблените шуми во високостеблени шуми; 
 
Ц2 – Унапредување на функциите на шумското производство (дрвни и недрвни) и 
зголемување на дрвната резерва; 
Ц3 – Подобрување на патната инфраструктура (отвореноста на шумите);
 
Ц4 
– Унапредување на еколошките и социјалните функции на шумите 
(екосистемските услуги) и зачувувањето на биодиверзитетот и разновидноста на пределот;
 
Ц5 – Oдржливо управување со популациите на дивечот и зајакнување на 
институционалната рамка; 
Ц6 – Интегрирано управување со ерозија, порои и опустинување
. 
5.4.  Минерални ресурси 
Општи цели 
- 
Одржливо искористување на минералните суровини и минимизирање на влијанието 
врз животната средина, 
- 
Одржливо управување со отпадот од преработката на рудата.
 
Посебни цели 
Ц1 - Креирање на систем за планирање на користењето на земјиштето за минерални 
ресурси; 
Ц2 – Конзервација и заштита на подрачја со минерални суровини кои треба да бидат 
вклучени во националните планови; 
Ц3 – Дефинирање на рударски економски зони во кои конфликтот со сферата на 
животната средина е најмал; 
Ц4 – Воведување на стандардите за квалитет (ISO) во компаниите кои се занимаваат 
со експлоатација и преработка на минералните суровини, примена на безотпадни технологии 
и искористување на обновливите извори на енергија; 
Ц5 – Интензивирање на основните геолошки истражувања.
 
