Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
166 
5.ЦЕЛИ И ПРИОРИТЕТИ
 
Општа цел на Просторниот план е одржлив , балансиран и усогласен просторен развој, 
рационално користење и заштита на природните, економските и културните ресур
си, 
повисок степен на територијална кохезија и 
ублажување на регионалните разлики заради 
подобрување на квалитетот на живеење, забавување на неповолните демографски процеси
, 
јакнење на територијалниот капитал и зачувување на идентитетот на просторот. Посебни 
цели се: 
- 
Балансиран просторен и економски развој, полицентрична организација на урбаните 
системи и јавните функции и подигнување на степенот на општествена и економска 
кохезија на урбаните и рурални подрачја, 
- 
Контрола на динамиката на депопулација и емиграција, урамнотежување на 
просторната распределба на населението, 
- 
Подобрување на инфрaструктурната поврзаност (во прв ред сообраќајна) на 
национално, регионално и меѓународно ниво, 
- 
Зачувување на идентитетот и отпорноста на просторот, по пат на одржливо 
користење и заштита на природните ресурси. 
Основна задача на Просторниот план е усогласување на секторските развојни 
стратегии на Државата и преточување на националните развојни приоритети во конкретни 
плански решенија за уредување на просторот, користење на земјиштето и расположливите 
ресурси, обе збедувајќи услови за хармонизиран и одржлив развој, со посебен акцент на 
заштитата и на животната средина, природните и културни добра и благосостојба на 
граѓаните. 
5.1. Природни карактеристики 
Oпшта цел  
- 
Оптимална организација и користење на просторот во согласност со геолошките, 
сеизмичките, релјефните, климатските, хидрографските и почвените услови, со 
максимално внимание за одржување на природната рамнотежа. 
5.2. Земјоделство и земјоделско земјиште
 
Општи цели 
Општите цели за развој на земјоделството и користење на земјоделско земјиште 
произлегуваат од целите и приоритетите дефинирани во Законот за земјоделство и рурален 
развој, Националната стратегија за земјоделство и рурален развој за периодот 2021
-2027, 
како и Зелениот договор и Стратегијата „Од фарма до вилушка“ на Европската Унија, а се 
однесуваат на: 
- 
Зачувување на обработливото земјоделското земјиште; 
- 
Зголемување на продуктивноста и конкурентноста на земјоделскиот сектор;
 
- 
Одржливо користење на земјоделското земјиште и примена на еколошки практики 
кои водат кон намалување на влијанието на климатските промени и прилагодување
 
кон нив. 
