Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
164 
- Веб ГИС платформа за геопросторно прикажување 
на резултатите од процената – мапирање; 
- Следење и примена на меѓународните практики и 
препораки на United Nation Office for Disaster Risk 
Reduction – UNDRR; 
- Добра организациска поставеност (распоред на 
ТПП единици и координација на активностите од 
страна на ЦУК и ДЗС); 
- Професионален и обучен стручен кадар; 
- Постоечки ИКТ решенија што го поддржуваат 
управувањето со ризици.  
- Недостаток на пристап до содржини од Веб 
платформата Е
-процена за заинтересирани 
надворешни корисници; 
- Недоволна интеграција на управувањето со ризици 
во стратешките и планските документи на клучните 
сектори; 
- Запоставени објекти за засолнување и застарена 
опрема; 
- Недостаток на стручен кадар и материјално
-
технички ресурси; 
- Недоволно финансирање на реализацијата на 
мерки и активности за превенција, ублажување, 
подготвеност, одговор и закрепнување; 
- Ниска јавна свеста за намалувањето на ризиците од 
катастрофи; 
- Ограничен научно -истражувачки развој. 
Можности 
Закани 
- Глобален фокус на намалувањето на ризици од 
катастрофи и градењето на отпорност на 
општеството и заедниците; 
- Подигање на јавната свест за важноста за 
превенција и отпорност на различни видови 
катастрофи; 
- Вклучување на научни и стручни мислења во 
процесот на идентификација на опасностите, 
процена на ризик, и предлагање на стратегии за 
намалување на ризикот; 
- Соработка со релевантни меѓународни организации 
и институции, остварување на билатерална и друга 
соработка; 
- Воспоставување на јавно -приватно партнерство со 
осигурителниот сектор и промовирање на 
„стратегијата на трансфер на ризик“; 
- Воспоставување на партнерство и соработка со 
приватниот сектор за креирање на политики и 
реализирање на активности за намалување на 
ризиците од катастрофи. 
- Нови опасности и ризици, како на пр. биолошки 
опасности и слично; 
- Глобални и регионални кризи и несигурност; 
- Недоследно спроведување на законските 
надлежности; 
- Ограничени финансиски ресурси за надградба на 
системот за управување со кризи; 
- Недоволно обучен кадар; 
- Одлив на млад и стручен кадар од институциите и 
од државата. 
 
Заштита од воени разурнувања 
Силни страни 
Слабости 
- Полноправно членство во НАТО и интеграција во 
системот на колективна одбрана; 
- Развиен систем на национална безбедност и 
одбрана со воена и цивилна компонента; 
- Развој на мултифункционални копнени сили со 
способности за брзо распоредување; 
- Интероперабилност и учество во НАТО и ЕУ 
операции и мисии; 
- Развиен систем за поддршка на цивилните власти 
во кризни состојби; 
- Развивање на резервни сили и цивилна поддршка 
во системот на одбрана. 
- Ограничени национални ресурси за развој и 
модернизација на одбранбените способности; 
- Ограничени воздухопловни способности на 
Армијата; 
- Потреба од замена на застарената опрема со 
современа и НАТО -компатибилна; 
- Недоволна институционална ефикасност поврзана 
со слабости во институциите, корупција и 
организиран криминал; 
- Енергетска зависност и низок економски раст со 
индиректно влијание врз безбедноста; 
- Потреба од посилна меѓуинституционална 
координација во системот на одбрана. 
