Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
153 
- Незначителен обем на станбен фонд во државна 
сопственост за издавање под наем; 
- Непочитување на демографските трендови при 
димензионирање на градежните подрачја; 
- Недостаток на стандарди за квалитативно 
унапредување на неформалните и 
субстандардните населби; 
- Недостаток на систем за следење на развојот на 
станбениот фонд и непотполна евиденција за 
станбените потреби, квалитетот на станбениот 
фонд и станбено загрозеното население; 
- Недоволна опременост на станбените простори со 
основна комунална инфраструктура и нивни 
структурни недостатоци; 
- Недостаток и недостапност на јавни услуги во 
помалите и селските населби, особено во 
периферните подрачја на општините; 
- Запоставеност на здравствените и воспитните 
програми и промовирањето на општествените 
вредности кои поттикнуваат индивидуална 
ангажираност и одговорност за квалитетот на 
животот во заедницата; 
- Низок социјален капитал и рудиментарни форми на 
партнерски односи меѓу локалната власт, 
организациите на граѓанското општество и 
комерцијалниот сектор. 
Можности 
Закани 
- Подобра функционална и инфраструктурна 
интеграција на урбаната мрежа; 
- Искористување на периферната положба на 
одредени градови како потенцијал за влијание на 
поширокото подрачје и позиционирање во 
регионот; 
- Примена на принципите на одржлив урбан развој и 
заштита на јавниот интерес и јавните добра; 
- Трансформација и реактивирање на браунфилд 
локации за економски и урбан развој,  
- Поинтензивен просторен развој на населби со 
компаративни предности (на пр. Кратово и 
Крушево); 
- Формирање на атлас на типови на населби, 
амбиенти и објекти кои би биле водич за 
проектирање и планирање во подрачја со културно 
наследство; 
- Користење на изградени, неискористени објекти за 
станбени потреби, преку можна пренамена и 
адаптација 
- Користење на расположливо инфраструктурно 
опремено земјиште во локалните заедници за 
изградба на станови; 
- Квалитативно подобрување на постојниот станбен 
фонд преку програми за реновирање и 
подобрување на енергетската ефикасност;
 
- Поттикнување локални иницијативи и стимулирање 
на организација на образовни, здравствени, 
социјални и културни услуги и активности 
- Интензивирање на негативните демографски 
трендови (депопулација, недостиг на работна сила, 
стареење на населението); 
- Прекумерна концентрација на населението во 
Скопје; 
- Законски решенија кои поддржуваат конверзија на 
високо квалитетно земјоделско земјиште; 
- Доминација на партикуларни интереси при 
одлучувањето за намена на земјиштето и 
интервенции во просторот; 
- Зафаќање на постојните зелени површини за 
станбени и други намени; 
- Неселективно пренесување на овластувањата во 
областа на услугите од јавен интерес на локалните 
власти, што ќе ги зголеми веќе постоечките големи 
разлики во квалитетот на животот помеѓу 
развиените и неразвиените, градските и селските 
населби;  
- Решавање на судирот помеѓу комерцијалните и 
јавните интереси во корист на комерцијалните. 
 
