Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
150 
Можности 
Закани 
- Вклучување на напуштените површини во 
производството и зголемување на производството 
на добиточна храна; 
- Примена на нови технологии и иновации;  
- Развој на преработувачката индустрија и производи 
со додадена вредност; 
- Унапредување на советодавните служби и 
задругарството; 
- Примена на агро
-еколошки практики и 
интензивирање на органското производство. 
- Губење на земјоделското земјиште (напуштање или 
пренамена); 
- Деградација и неодржливо користење на 
земјиштето; 
- Пораст на трошоците за производство и 
намалување на приходите; 
- Зголемена конкуренција и нови барања на пазарот; 
- Последици по биодиверзитетот од интензивни 
практики; 
- Зголемена појава на болести кај животните и 
растенијата; 
- Опаѓање на интересот за земјоделско 
производство. 
Шуми и шумско земјиште 
Силни страни 
Слабости 
- Територијална застапеност на шумите низ целата 
држава; 
- Воспоставен систем на управување со шумите;
 
- Добри природни услови за дивеч, богат диверзитет 
на ловната фауна и квалитетен генофонд на 
крупниот дивеч; 
- Долгогодишно искуство во заштита од ерозија и 
пороите и комплетно уредени над 300 поројни 
слива; 
- Пошумени се значителни површини на голини и 
ерозивни подрачја; 
- Долгогодишна едукација за заштита од ерозија на 
фармерите. 
 
- Традиционален начин на стопанисување без 
примена на модерни пристапи и техники; 
- Недостаток на реална слика за состојбата со 
шумите (нема попис од 1979 година); 
- Слаба реализација на планираното пошумување и 
користење на шумите; 
- Ниска реализација на можниот етат и техничко 
дрво. 
- Недоволна и нискоквалитетна шумска 
инфраструктура; 
- Недостаток од мелиоративни активности и 
конверзија од ниски во високи шуми; 
- Фреквентни пожари и штети од абиотски фактори;
 
- Недоволна евиденција, стратешка документација и 
легислатива за ерозија, опустинување и ловство;
 
- Слаба и несоодветна имплементација на 
противерозивни мерки.  
Можности 
Закани 
- Нови организациски модели и модерни концепти за 
управување со шумите (ОУШ
39 и ШБП 40); 
- Зголемување на учеството на шумарството во БДП 
преку надоместок за екосистемски услуги; 
- Подобрување на системите за заштита од пожари, 
болести и штетници; 
- Унапредување на ловството преку хармонизирање 
со други стопански дејности, особено со 
шумарството, земјоделството и туризмот; 
- Континуирано ажурирање на делинеацијата на 
ерозивни подрачја; 
- Зголемена едукација и субвенции за фармерите за 
примена на добри противерозивни практики. 
- Недоволна адаптација на пазарните барања и 
конкуренција; 
- Рецесија на економијата и ограничени финансии;
 
- Недостаток на знаење и обука за одржливо 
управување со шумите; 
- Зголемен ризик од пожари, инсекти, патогени и 
други абиотски фактори; 
- Бесправни активности (нелегална сеча и лов); 
 
- Недоволна јасна стратегиска визија за ловство и 
шумарство; 
- Планови и документи без реални податоци; 
- Вработување на несоодветен кадар и недостаток на 
иновативност. 
 
39 ОУШ -Одржливо управување со шумите 
40 ШПБ -Шумарство базирано на природа 
