Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
147 
· 
Европската агенција за животна средина (ЕЕА), која во рамки на своите активности го 
има реализирано проектот Corine Land Cover
38, инициран во 1985 година (референтна 
година 1990) и ажуриран во континуитет во 2000, 2006, 2012 и 2018 година. Corine 
land cover претставува инвентар на покровноста на земјиштето, класифициран во 44 
класи. Податоците се дигитализирани врз основа на сатели
тски снимки во размер 
1:100.000, со точност од 150 m и минимални единици на површина од 25 ha. Поради 
ваквиот пристап, дел од уситнетите структури на одделни класи се претопени во 
просторно најблиската површина по намена. Оттаму, овие податоци се земаат со
 
резерва која произлегува од начинот на обработка. 
Податоците од двата извори се обработени и рекласифицирани, согласно 
Методологијата за изработка на просторни планови, а дел од нив се уточнети врз основа на 
информации од базата на податоци на Агенцијата за планирање на просторот, изградена за 
потребите н а изработка на документациската основа на Просторниот план (акумулации, 
заштитено природно наследство, површини под системи за наводнување, заштитни зони и 
појаси на водни тела и др.) 
Табела бр. 40 Биланс и структура на намена на земјиштето
 
бр. 
Намена 
Површина (ha) 
  
  
  
  
  
1 
2 
3 
4 
1. 
Продуктивно земјиште 
2.299.572,00 
 (1.1+1.2) 
  
  
  
1.1 
Шуми и шумско земјиште 
  
1.039.576,00 
  
  
1.2 
Земјоделско земјиште 
  
1.259.996,00 
(1.2.1 +1.2.2) 
  
  
1.2.1 
Пасишта 
  
  
742.760,00 
  
1.2.2 
Обработливо земјиште 
  
  
516.733,00 
(1.2.1.1+1.2.1.2) 
  
1.2.1.1 
Обработливо земјиште 
под системи за 
наводнување 
  
  
  
21.906.00 
1.2.1.2 
Ненаводнувано 
обработливо земјиште 
  
  
  
494.827.00 
2. 
Непродуктивно земјиште 
244.099,00 
(2.1+2.2+2.3 +2.4) 
  
  
  
2.1 
Земјиште под населби 
  
33.875,99 
  
  
2.2 
Водни површини 
  
53.793,00 
  
  
2.3. 
Експлоатација на 
минерални суровини 
  
3.873,00 
  
  
2.4 
Останато непродуктивно 
земјиште и преодно 
земјиште 
  
152.468,00 
  
  
ВКУПНО: 
2543581,99 
  
  
  
Во категоријата непродуктивно земјиште е вклучено природното неплодно земјиште, 
површините под води, урбанизираните површини и површините под експлоатација на 
минерални суровини. Останато непродуктивно земјиште опфаќа: градежно земјиште под 
инфраструктурни и други објекти надвор од населените места, т.н преодно земјиште 
(необработено земјоделско земјиште обраснато со ниска вегетација) и површини без 
 
38 Извор : Corine Land Cover, Macedonia, Min. Urb. Planning, 2000, © European Communities, 1995
-2005 
