Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
146 
3.7. Биланс на постојната намена на земјиштето
 
Намената и користењето на земјиштето се одраз на актуелниот степен на 
продуктивност, рационалност и организираност на примарниот сектор, интензитетот и 
фазите на урбанизацијата, изграденоста на техничката инфраструктура и степенот на 
заштита од конфликтнит е процеси. 
Побарувачката за земјиште, шуми, пасишта и други ресурси, за различни намени 
постојано расте и станува поголема од расположивите резерви. Во тој процес на побарувачка 
доаѓаат до израз интересите на различните потенцијални корисници кои често се 
конкурентни, па дури и конфликтни. Од тука, како императив се наметнува потребата од 
рационално, односно одржливо користење на земјиштето како најзначаен природен ресурс, 
што особено се однесува на продуктивното земјиште од високи бонитетни класи; и 
насочување на другите активности кон пониските бонитетни класи.
 
Основни категории на користење на земјиштето се продуктивно и непродуктивно 
земјиште. Продуктивното земјиште го опфаќа земјоделското и шумското земјиште, односно 
површините наменети за примарна продукција. Обемот и интензитетот на користењето на 
овие површ ини е во зависност од: бонитетната вредност на земјиштето, структурата на 
катастарските класи, интензитетот на ерозијата, надморската висина, наклонот, 
експозицијата на теренот и климатските услови. Согласно катастарската класификација на 
РСМ, во категориј
ата земјоделското земјиште се вклучени обработливото земјиште и 
површините под пасишта. Обработливото земјиште опфаќа: ниви, оризови ниви, градини, 
овоштарници и лозја. Пасиштата, заедно со шумите, ливадите, трстиците и мочуриштата ја 
сочинуваат категорија та плодно необработливо земјиште. 
Неплодното земјиште го опфаќа: природното неплодно земјиште (долови, камењари 
и друго) и вештачко неплодно земјиште, за кое е донесен урбанистички план или друга 
планска/проектна документација. Вештачкото неплодно земјиште може да биде градежно 
неизградено земјиште и градежно изградено земјиште. Градежно изградено з
емјиште 
опфаќа: земјиште под згради, улици, патишта, мостови и друго. 
Овие услови се менлива категорија зависно од односот на човекот кон средината, 
односно од сознанието дека продуктивното земјиште претставува ограничен и необновлив 
ресурс, а неговата заштита и рационално користење императив за идниот економски развој 
и хумано живеење. 
 Непродуктивното земјиште го сочинуваат површините кои не се користат 
непосредно за одделни видови на производство, но се услов за вкупниот стопански развој. 
Тие се категоризирани во: 
· 
води и водотеци, 
· 
верски објекти и гробишта, 
· 
населби, 
· 
патишта и железници, 
· 
останато неплодно земјиште.  
Билансот на намена на земјиштето е изготвен врз основа на намената на земјиштето 
за продуктивни и непродуктивни цели. Во анализата на намената и користењето на 
земјиштето се превземени податоци од: 
· 
Агенцијата за катастар на недвижности, обработени врз топографска карта во размер 
1:25000, ажурирана со податоци добиени од аерофотограметриско снимање 
извршено во 2017 година; 
