Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
145 
- Радикализамот и екстремизмот кој се манифестира низ различни облици: 
национален, верски и политички, со потенцијал за предизвикување на меѓуетнички 
конфликти. 
- Тероризмот, кој поврзан со верскиот екстремизам, ја прави нашата Држава 
чувствителна на терористички напади и овозможува користење на нејзината 
територија како коридор за инфилтрирање на терористи;
 
- Илегалната миграција, која не е директна закана по националната безбедност, но 
може да ги оптовари државните институции и да ангажира значајни капацитети на 
Државата; 
- Сајбер напади 
– кои се манифастираат со загрозување или блокирање на 
функционирањето на критичната инфраструктура;
 
- Елементарните непогоди, техничко -технолошки катастрофи, епидемии, деградација 
на животната средина и климатските промени, кои се индиректни закани, но може да 
имаат влијание врз безбедноста на институциите и системот за одбрана на долг рок.
 
Веројатноста од вооружена агресија врз нашата земја е мала. Најреални се 
индиректните закани кои доаѓаат од асиметричните, хибридни, сајбер и други напади, како и 
загрозувањата од природни непогоди, технолошки катастрофи, епидемии и климатски 
промени. 
 
 
