Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
144 
Во моментот во 
Република Северна Македонија не постои официјално усвоена 
методологија за процена на ризик од пожари во објекти. Согласно достапните податоци од 
Државниот заводот за статистика на Северна Македонија и од територијалните 
противпожарни бригади, извршена е процена на р изикот од пожари во објекти. Изложеноста 
на објектите во одделните општини е квантифицирана со вредности од 1
 до 5, а соодветно е 
направена и квантификација на повредливоста на објектите и населението.
 
3.6.5.3. Воени разу рнувања  
Глобална безбедност 
Комплексното глобално безбедносно окружување, надополнето со брзиот и 
динамичен економски, социјален, политички и технолошки развој се рефлектира и врз 
безбедносната состојба на глобално ниво. Големите предизвици и закани пред кои се 
исправени земјите, нам етнуваат неопходност од соработка и координација во насока на 
справување со актуелните закани и предизвици. 
Земјите од целиот свет се изложени на природни непогоди, технички и технолошки 
хазарди, епидемии и климатски промени. И покрај фактот што невоените, асиметричните, 
хибридни и сајбер закани понекогаш се посериозни од воените
, сепак традиционалните 
воени закани денес се исто толку актуелни и сериозни, поради продорот на вештачката 
интелигенција и софистицираното и супериорно оружје со кое располагаат големите сили. 
Техничкиот и технолошкиот напредок кој е позитивен фактор и дви
гател на развојот, во исто 
време е и сериозна закана поради можноста да се стави во функција на воени активности.
 
Интеграцијата во евроатланската област значително ја подобрува безбедноста и 
зачестеноста на конфликтите од една, но и го зголемува ризикот од воени дејствија со широк 
спектар за земјите членки од друга страна. 
Регионална безбедност 
Ризиците по мирот и безбедноста за земјите од регионот, вклучително и нашата 
Држава, не се поразлични од оние со кои се соочуваат останатите европски земји. 
Можностите за прелевање на воените конфликти влијаат врз вкупната политичка, економска 
и безбедност а состојба и на земјите од југоисточна Европа. Присуството на големо 
количество оружје и напливот на мигранти и економски бегалци, дополнително ја усложнува 
состојбата, внесувајќи можност за дестабилизација на поширок простор.
 
Полноправното членство во НАТО, како и фактот што поголем дел од нашите соседи 
се земји членки на НАТО или ЕУ е најдобриот начин за подобрување на безбедносната 
состојба во Државата, регионот и пошироко. 
Безбедносни ризици и закани 
Најголемите закани за нашата национална безбедност доаѓаат од:
 
- Економско -политичката состојба која се карактеризира со низок економски раст, 
енергетска зависност, недоволен или несоодветен институционален капацитет, 
невработеност од една, и политизација на институциите, слабости во судскиот систем, 
корупција и организ иран криминал од друга страна; 
- Делувањето на разузнавачки служби, насочено кон слабеење на економските, 
политичките и безбедносните потенцијали и капацитетот на одбранбениот систем;
 
