Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
143 
воспоставената методологија за проценка на ризик во индустријата (најмногу кај големите и 
средните компании, и особено во рударството), како и обучениот кадар за ракување со 
опасни материи сведочи за солидната превенција од ризиците со користење на опасни 
материи.  
Сепак, актуелноста на регулатива која не е хармонизирана со европската, 
недостапноста на информации за случените несреќи, слабиот мониторинг за следење на 
опасностите, ранливоста и ризиците од технолошките хаварии и дефицит на кадар во 
институциите; се при
чина за недоволна институционална поврзаност и можности за 
иновативни решенија во однос на превенција и сигурност од несреќи предизвикани од 
опасни материи. 
Несреќите во рударството, покрај можните повреди, загуби на човечки животи, 
прекин на процесот на експлоатација и загуба на опрема во просторот каде се изведува 
рударската активност, можат да предизвикаат и загрозување на здравјето и животот на 
луѓето не/п осредна близина на рударската активност, како и евентуална контаминација на 
животната средина. Несреќи кои може да се очекуваат во рудниците со подземна 
експлоатација се зарушувања, поплави и пожари, струјни удари, кои може да бидат 
предизвикани од различн
и причини. Нема достапни податоци за рударски несреќи и 
влијание врз животната средина, што оневозможува целосно дефинирање на најчестите 
причини поради кои се случуваат и преземање конкретни мерки. 
Пожари во објекти 
Отсуството на детална евиденција за случените пожари во објектите и недостаток на 
клучни податоци (за типот на запалениот објект од аспект на конструктивен материјал и 
катност, причината за пожарот и предизвиканата материјална штета), како и непостоењето 
на официјално усвоена методологија за процена на ризик од пожари во објекти, 
оневозможуваат соодветна анализа за зачестеноста на пожарите, изложеноста на 
населението и предизвиканите штети. 
 
Слика бр. 28 Ризик од пожари по општини
, Извор: Студија „Природни непогоди и техничко
-
технолошки хаварии за просторниот план на Република Северна Македонија (2021
-2040)“ 
