Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
142 
 
Слика бр. 27 Ризик од земјотреси за сеизмички повратен период од 475 години по општини и 
градот Скопје (Процент на оштетена во однос на изградена површина)
, Извор: Студија за 
просторниот план на РСМ (2021-2040), Природни непогоди и техничко -технолошки хаварии 
3.6.5.2. Техничко - технолошки хаварии 
Технолошки хаварии и рударски несреќи
 
Индустриските несреќи потекнуваат од технолошките или индустриските услови, 
опасните процедури, дефекти на инфраструктурата или од специфични активности на 
луѓето, како што се токсичните ослободувања, експлозиите, пожарите и хемиските излевања 
во воздухот, водени текови и почв
ата. Повеќето индустриски несреќи вклучуваат 
ослободување на опасни материи во водите со сериозни влијанија врз водните ресурси, 
загрозувајќи ја достапноста на безбедна вода за пиење во домаќинството и земјоделството, 
како и безбедноста на луѓето. Природни
те непогоди (бури, поплави, земјотреси, одрони, 
свлечишта и друго) може исто така да предизвикаат индустриски несреќи со активирање на 
ослободувањето на опасните супстанци од индустриските објекти кои се лоцирани на патот 
од деструкцијата. 
Ризикот од индустриска несреќа многу зависи од активностите на самата локација, 
процесите со кои се работи и видот на опасни супстанци кои се користат. Податоците 
покажуваат дека и покрај тоа што бројот на регистрирани и функционални технолошки и 
производни капацитети во Скопскиот плански регион е најголем, бројот на регистрирани 
технолошки хаварии во периодот од 2004 -2021 година е најголем во Вардарскиот плански 
регион (21 хаварија). На второто место е Источниот, а потоа следува Скопскиот
 плански 
регион. 
Во државата постои солидна база (регулативен и институционален аспект) за 
превенција, заштита и справување со ризиците од користење, ракување, складирање и 
транспорт со опасни материи. Работата согласно меѓународните стандарди и 
