Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
141 
 
Слика бр. 26 Сеизмички хазард (максимално земјино забрзување) за повратен период од 475год.
, 
Извор: Студија „Природни непогоди и техничко
-технолошки хаварии за просторниот план на 
Република Северна Македонија (2021 -2040)“ 
Потенцијалното движење на тлото од идни земјотреси, кое ги одредува економските 
и хуманитарни последици од потенцијалните земјотреси, се дефинира како сеизмички 
хазард. За негово утврдување неопходни се сознанија за случените земјотреси, геологијата, 
тектониката, локалните почвени услови, густината на зградите и населението (изложеност), 
повредливоста на изградената средина, како и робусни проценки на сеизмичкиот хазард. 
Според Европскиот модел на сеизмички ризик 2020 (ESRM20), зградите изградени пред 
1980 -тите, урбаните подрачја како и високите проценки на сеизмичкиот хазард се главни 
носители на сеизмичкиот ризик. 
При случување на земјотрес, најзначајна цел е да се зачуваат човечките животи, па во 
таа смисла современите принципи за проектирање сеизмички отпорни конструкции 
вклучуваат заштита на човечки животи и ограничување на штети во објектите. Затоа, 
проценката н а изложеноста и ранливоста на објектите изложени на земјотрес е од особено 
значење, бидејќи можните човечки жртви во најголема мера се резултат на оштетувања и 
рушења на објекти.  
Со користење на методологија која вклучува корелација помеѓу пресметаните карти 
на опасност (сценарио - максимален очекуван земјотрес со повратен период од 475 години), 
селектираните функции на повредливост за постоечките типови на конструкции, како и 
изложената изградена површина по општини, изработенa е карта на загрозеност од 
земјотрес (ризик) како процент на оштетена површина во однос на вкупна изградена 
површина во секоја општина.  
