Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
139 
 
Слика бр. 25 Пожари на отворен простор по општини (2005
-2023 година) и територијални 
противпожарни единици , Извор: Студија „Природни непогоди и техничко -технолошки хаварии за 
просторниот план на Република Северна Македонија (2021
-2040)“ 
Процената на нивото на ризик 37 од настанување на пожар, со дефинирана очекувана 
веројатност, се заснова на сеопфатна анализа на повеќе меѓусебно поврзани компоненти: 
историски евидентирани настани, анализа на изложеноста (типологија на вегетација, социо
-
економски показатели и други реле вантни вредности), степенот на ранливост, капацитетот 
на надлежните субјекти за превенција и одговор, како и проекцијата на потенцијалното 
негативно влијание изразено преку можни штети и загуби од пожари на отворен простор.
 
Согласно сумарните резултати од процените на загрозеност, од сите ризици и 
опасности, вклучувајќи го ризикот од пожари на отворен простор, општини со покачен ризик 
(можен почеток на криза или кризна состојба) се: Берово, Богданци, Брвеница, Валандово, 
Гевг елија, Лозово, Македонски Брод, Пехчево, Дојран, Ѓорче Петров, Карбинци, Кичево, 
Сарај, Свети Николе, Струмица, Центар Жупа и Штип. Со висок ризик и веројатност за почеток 
на криза или кризна состојба е Општина Тетово, додека со највисок ризик и загрозенос
т на 
виталните вредности (создадени услови за прогласување на криза или кризна состојба), се 
општините: Желино, Јегуновце и Теарце. 
Ризикот од пожари на отворен простор претставува растечки стратешки предизвик 
за институциите, што налага засилена меѓуресорска соработка, координација и ефективна 
комуникација, со јасно дефинирана и споделена одговорност. Примарна надлежност за 
превенција и управување со ризикот од пожари 
на отворен простор имаат институциите 
одговорни за специфичните категории земјиште (шумско, земјоделско, заштитени подрачја 
 
37 согласно Уредбата за „Методологијата за изработка на процената на загрозеноста на безбедноста на РСМ од 
сите ризици и опасности, нејзината содржина и структура, начинот на чување и ажурирање, како и 
определувањето на субјектите во системот за управување со
 кризи на кои им се доставува целосна или извод од 
проценката“ 
