Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
138 
 
Слика бр. 24 Ерозија развиена според методот EMP
(Erosion Potential method ), Извор: Блинков и 
др., 2020 
Седиментацијата во резервоарите (годишен интензитет од 300,000 m нанос) е еден 
од најголемите проблеми во Република Северна Македонија. Според некои проценки околу 
3,500,000 m
3 нанос годишно се влева во акумулациите. 
Пожари 
Територијата на Република Северна Македонија во континуитет се соочува со 
зголемена појава на пожари на отворен простор, кои опфаќаат пожари во шуми и шумско 
земјиште, заштитени подрачја, ново
-пошумени површини, парк
-шуми, земјоделски 
површини, пасишта и други отворени површини покриени со тревна и разновидна вегетација. 
Пожарите на отворен простор претставуваат значаен еколошки и економски ризик, 
со директни и индиректни последици врз вегетацијата, биодиверзитетот и екосистемските 
услуги. Според податоците на надлежните институции, во изминатите две децении ризикот 
од пож ари се движи од средно до многу високо ниво на загрозеност, при што особено 
ранливи се централниот, источниот и југоисточниот регион на државата.
 
Со цел систематско следење на просторната дистрибуција и идентификација на 
подрачјата со зголемена изложеност, изработена е карта на пожари на отворен простор по 
општини (врз основа на податоци од Центар за управување со кризи).
 
