Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
136 
 
Слика бр. 22 Регистрирани лавини, луњи и снежни намети, во период од 2005
-2020 година, 
Извор: Студија „Природни непогоди и техничко -технолошки хаварии за просторниот план на РСМ 
(2021-2040)“ 
Одрони и свлечишта 
Најчеста појава на одрони има на автопатот Катланово
-Велес, регионалните патишта 
Маврови Анови -Дебар-Струга, Битола -Ресен -Охрид, Демир Капија -Удово, Кочани -Делчево, 
Виница-Берово, Берово -Струмица, Штип -Неготино и др., локалните патишта М. Каменица
-
Рудник С аса, како и на железничката пруга Гостивар -Кичево. 
До 2015 година, во Државата се регистрирани преку 500 појави на свлечишта кои на 
посреден или непосреден начин ја загрозиле инфраструктурата, нанесувајќи штети од 
најразличен обем. Во некои случаи дошло и до загуба на човечки животи (свлечиште Градот, 
на патот Маврово -Дебар, Луково Поле, селата во Полошки регион на Шар Планина и др.), 
како и големи обработливи површини (Тимјаник) и формирани вештачки акумулации 
(Моклишко и Требенишко Езеро). 
Најзначајни фактори за нестабилност се: литолошкиот состав, наклон на теренот, 
врнежи, сеизмички услови и користење на земјиштето. Проценката на подложноста кон 
свлекување се врши со примена на комбиниран и модифициран метод на арбитрарни 
вредности и полин
омна интерполација, при што за секој од факторите се одредува 
индивидуален рејтинг, а сумата на индивидуалните рејтинзи го дава вкупниот рејтинг на 
подложноста кон свлекување на теренот, кој е основа за креирање на карта на опасност 
(подложност) од свлекув ање. 
