Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
132 
а) надворешни причини - кои се однесуваат на: 
· 
природните влијанија (климатските услови, температурни промени и природни и 
неочекувани катастрофи); 
· 
влијанија предизвикани од факторот човек 
(оштетувања предизвикани од случајни 
и намерни дејствија на човекот, вклучително и несоодветните интервенции на 
институциите за заштита); и 
б) внатрешни причини поврзани со структурата на самата градба, а се однесуваат на 
староста и ослабнувањето на материјалот или конструкцијата на градбата.
 
Забележливо е непочитување на типологијата и елементите на автентичната 
архитектура, неконтролирана градба и севкупно осиромашување на пределот и културното 
наследство. Дополнително, создавањето на нови, често неплански туристички населби во 
реоните на пор
анешните села, доведува до губење на просторниот идентитет и 
амбиенталните вредности. 
Посебно треба да се нагласи вредноста на природното и културно
-наследство на 
Охридскиот регион како светско наследство впишано на Листата на УНЕСКО.
 
Иако во Република Северна Македонија има богато и разновидно културно 
наследство, истото се соочува со голем број разновидни проблеми, закани и фактори кои 
доведуваат неговата физичка состојба секојдневно да се влошува, а неговиот потенцијал да 
не може да се користи во развојот на државата. Повеќе комбинирани фактори влијаат кон 
континуирано влошување на состојбата и деградација на архитектонско 
– историскиот 
амбиент, пред се неконтролирана урбанизација, градежната експанзија од нови објекти, 
климатските пр омени, а историските градби со изгубена примарна функција претставуваат 
напуштени и деградирани објекти кои ја нарушуваат амбиенталната слика на целината.
 
 
 
