Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
131 
локалитети, а останатите добра кои имаат статус на недвижно културно наследство 
припаѓаат во помал број на другите видови културно наследство.
 
Покрај добра регистрирани со акт за заштита или ex lege (по сила на закон), законот 
препознава добра за кои основано се претпоставува дека претставуваат културно 
наследство. Вкупниот број на добра евидентирани во евиденциите на надлежните 
институции, изнес ува 6913. 
Табела бр. 37 Вкупен број на евидентирани добра 
 
РЕГИОНИ ВО РСМ 
Споменички 
целини 
Комплекси од 
религиозен 
карактер 
Стопански 
комплекси 
Археолошки 
локалитети 
Верски 
објекти 
Цивилни 
објекти 
Гробни 
објекти 
Вкупно ЕНД 
Вардарски 
1 
3 
0 
730 
135 
97 
9 
975 
Источен 
8 
2 
0 
741 
74 
89 
4 
918 
Југозападен 
3 
3 
0 
729 
135 
20 7 
0 
1077 
Југоисточен 
0 
0 
0 
529 
85 
32 
0 
646 
Пелагониски 
62 
32 
21 
1042 
399 
89 
6 
1651 
Полошки 
11 
1 
0 
261 
80 
302 
0 
655 
Североисточен 
1 
3 
0 
400 
50 
42  
6  
502 
Скопски 
48 
6 
0 
236  
15 
184 
0 
489  
Вкупно (1-8) 
134 
50 
21 
4668  
973 
1042  
25  
6913 
3.6.4.2. Степен на зачуваност на културното наследство
 
Состојбата на зачуваност на културното наследство е во зависност од видот на 
добрата, преземени претходни конзерваторско
-реставраторски работи и други мерки на 
непосредна заштита, интензивните процеси на урбанизација, особено во градските подрачја 
и развие ните населени места во руралните средини што во голема мера влијаат на 
загрозување на добрата. И покрај декларативната заложба на сите чинители од областа на 
заштитата на културното наследство и надвор од неа, на државно и локално ниво, мал е 
бројот на кул
турни добра кои се во задоволителна физичка состојба. Конкретните 
програмски задачи на националните установи за заштита во смисла на извршени неопходни 
конзерваторско -реставраторски работи, не се на задоволително ниво.  
Поради материјалната структура и промените на применетите материјали (дрво, тула, 
камен), овие добра се изложени на негативни влијанија како од надворешни фактори, така и 
од притисоците на современата урбанизација кои водат кон загрозување, девастација и 
нивно пропаѓање.  
Постојат повеќе детектирани фактори кои генерално влијаат на културното 
наследство. Развојниот притисок (адаптации, пренамени, индустрија, сообраќај, управување 
со инфраструктурни системи), еколошките притисоци (загадување), природните катастрофи 
(поплави, пожари, земјотреси), запоставување и недостаток на одржување, недостаток на 
финансиски средства, нерешени имотно
-правни односи се само некои од факторите кои 
имаат негативно влијание на вредностите на наследството. Неодржувањето и негрижата за 
културно -историските објекти исто така е причина за конструктивно пропаѓање и структурни 
промени во материјалите. Оттука треба да се разбере неопходноста не само од нивно 
зачувување и физичка заштита, туку и од нивната клучна улога која ја имаат како движечка 
сила и потенцијален ресурс во развојниот процес на Државата и современиот архитектонски 
израз. 
Главните причини за пропаѓање и уништување 
на градителското наследство може 
да се поделат во две основни групи: 
