Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
130 
Североисточниот плански регион 
е втор најмал регион (зафаќа само 9,3% од 
површината на Државата), со најмал број општини во својот состав (6). Од 69
-те заштитени 
добра во овој регион, 33 припаѓаат на цивилната архитектура, 20 на верската архитектура, а 
помал број се од останатите видови културно наследство. 
По површината што ја зафаќа 
Скопскиот плански регион
 е најмал, но во границите 
на својата територија има 134 добра со статус на заштитено културно наследство. И во овој 
регион бројноста на заштитената цивилна архитектура е голема, односно половина од 
заштитените добра припаѓаат на овој вид, но не помалку е застапена и верската архитектура. 
Според достапните податоци од Националниот регистар на културно наследство, на 
територијата на Република Северна Македонија, заклучно со 2024 година, за недвижно 
културно наследство има 1285 записи.  
Табела бр. 36 Преглед на недвижно културно наследство по видови
 
Ред. 
број 
ПЛАНСКИ 
РЕГИОНИ ВО 
РСМ 
Споменички 
целини 
Комплекси 
од 
религиозен 
Стопански 
комплекси 
Археолошки 
локалитети 
Верски 
објекти 
Цивилни 
објекти 
Гробни 
објекти 
Вкупно 
Заштитени 
недвижни 
добра 
01. 
Вардарски 
2 
4 
1 
10 
19 
28 
3 
67 
03. 
Источен 
2 
2 
1 
18 
17 
46 
1 
87 
04. 
Југозападен 
6 
4 
2 
33 
71 
107 
5 
228 
05. 
Југоисточен 
2 
3 
1 
19 
7 
72 
3 
107 
06. 
Пелагониски 
10 
14 
2 
31 
37 
360 
2 
456 
02. 
Полошки 
3 
4 
0 
12 
14 
102 
2 
137 
07. 
Североисточен 
2 
5 
1 
5 
20 
33 
3 
69 
08. 
Скопски 
4  
12 
0 
9 
31 
71 
7 
134 
 
ВКУПНО (1 -8) 
31  
48 
8 
137 
216 
819 
26 
1285 
Според своите вредности, во Законот за заштита на културното наследство утврдени 
се две основни категории на културното наследство 
- културно наследство од особено 
значење со две поткатегории, од 
исклучително значење или големо значење , и значајно 
културно наследство. Од вкупниот број категоризирани заштитени добра, само 25 се 
категоризирани како културно наследство од особено значење, 219 добра се во категоријата 
значајно културно наследство, а за останатите не е извршена ревалоризација и истите не се 
категоризирани. 
 
График бр. 
4 Недвижно културно наследство по видови во 
РСМ, Извор: Национален 
конзерваторски центар 
Од вкупниот број на заштитено културно наследство 64%, односно вкупно 819 добра 
припаѓаат на цивилната архитектура, 216 добра се верски објекти, 137 добра се археолошки 
