Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
129 
3.6.4.1. Културно наследство – видови и просторна распределба
 
Во Регистарот на културното наследство се запишани 1326 записи за добра со статус 
заштитени недвижни добра меѓу кои се вбројани и оние кои имале статус на привремено 
заштитени добра, но со оглед на тоа што во законскиот рок не е извршена нивна 
ревалоризаци ја и не е донесен акт за заштита, добрата го изгубиле својот статус на заштитени 
добра. Според тоа, а согласно Инвентарот на заштитени недвижни добра на територијата на 
Република Северна Македонија има 1285 добра со статус на културно наследство
 и 6913 
добра за кои основано се претпоставува дека претставуваат културно наследство
. Во 
однос на нивната категоризација и нивната бројност по рамките на зададените категории 
најголем дел од овие добра се археолошки наоѓалишта. 
Концентрацијата на недвижното културно наследство, неговите карактеристики и 
бројна застапеност по видови, се карактеризираат со регионални разлики.
 
Вардарскиот плански регион има најмал број на заштитени/регистрирани недвижни 
добра (67), од кои најголем број се концентрирани во општината Велес (28).
 
Источниот плански регион
 има 87 заштитени добра, меѓу кои најбројни се 
заштитените цивилни објекти (46), потоа археолошките локалитети (18) и верските објекти 
(17), а останатите видови се во помал број.  
Југозападниот плански регион
, иако по својата површина не е голем (зафаќа 13,4% 
од површината на Државата) го поседува највредното културно наследство во Државата. Во 
неговите граници, од вкупно 228 заштитени добра, 107 се цивилни објекти. Регионот 
поседува најголем број заштитени ве
рски објекти и археолошки локалитети, како и 
„Природното и културното наследство на Охридскиот регион“ впишано на Листата на светско 
културно наследство на УНЕСКО. 
Југоисточниот плански регион
 во своите граници содржи 107 заштитени добра со 
статус на културно наследство, од кои повеќе од половина припаѓаат на цивилната 
архитектура (72). Неговата стратешка положба на патните правци кон исток и југ овозможила 
формирање на населби за живеење од на јраните историски периоди, кои особено се развиле 
и зајакнале во античкиот период: археолошките локалитети „Вардарски рид“ кај Гевгелија, 
„Исар“ кај Марвинци, локалитетите во Валандово, Струмица, „Термалното лечилиште“ во 
Банско и други локалитети. Иако ци
вилната архитектура преовладува во структурата на 
недвижното културно наследство на овој регион, неговите најголеми вредности се во 
археолошките наоѓалишта кои не се доволно истражени. 
Во Пелагонискиот плански регион
 има најголема концентрација на културно 
наследство, вкупно 456 регистрирани културни добра, од кои 360 добра се цивилни градби 
(куќи, безистен, амами, кули), споменички целини и комплекси од верски карактер (вкупно 
24), како и поголем број археолошки лока
литети и останати видови културно наследство. 
Според територијалната распространетост културното наследство е концентрирано во 
градовите Прилеп (20 3) и Битола (161), а пет (5) добра од регионот се прогласени за културно 
наследство од особено значење -поткатегорија големо значење. 
На подрачјето на 
Полошкиот плански регион
 постојат 137 добра со статус на 
културно наследство. Карактеристично за Полошкиот регион е дека од вкупниот број 
регистрирани културни добра 102 се цивилни градби. Најголемиот број од нив се на 
територијата на општината Маврово и Ростуша (вкупно 67 добра)
, потоа во општините 
Гостивар (23), Тетово (11), итн. Според времето на настанување заштитените добра датираат 
од различни периоди. 
