Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
128 
3.6.4. Културно наследство 
Заштитата на културното наследство во просторните планови се утврдува со 
изработка на заштитно - конзерваторски основи, кои претставуваат документациона основа 
за третманот на недвижното културно наследство во просторните и урбанистичките планови, 
согласно Законот за заштита на културното наследство.
 
Културното наследство на нашата држава е препознатливо преку своите специфични 
форми и изрази, како творештво создавано од бројни генерации кои живееле на ова тло и од 
оние кои транзитирале и оставиле траги од други културни средини.
 
 
Слика бр. 18 Надлежности на националните установи за заштита на културното наследство, 
Извор: Заштитно 
- конзерваторски основи за подрачјето на опфат на Просторниот план на 
Република Северна Македонија 2021 -2040 
Според актуелната административна организација на Државата територијалната 
надлежност на институциите за заштита на културното наследство не се поклопува со 
границите на планските региони, така што, освен за Скопскиот регион и Североисточниот 
регион каде н адлежноста е на по една институција за заштита, во останатите региони 
надлежноста ја имаат по две институции во зависност од регионот (Пелагонискиот регион 
- 
Завод и Музеј - Битола и Завод и Музеј 
- Прилеп, Југозападниот регион 
- Завод и Музеј - 
Охрид и На ционалниот конзерваторски центар - Скопје, Полошкиот регион - Националниот 
конзерваторски центар - Скопје и Конзерваторски центар - Гостивар, Вардарскиот регион - 
Завод и Музеј – Штип, Националниот конзерваторски центар – Скопје и Национална установа 
за управување со археолошкиот локалитет Стоби, Источниот регион 
- Завод и Музеј - Штип 
и Националниот конзерваторски центар - Скопје, и во Југоисточниот регион надлежноста ја 
делат Завод и Музеј - Штип и Завод и Музеј - Струмица. 
