Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
127 
 
Заштитено подрачје 
Година на 
прогласување 
Категорија 
Општина 
88. 
Платаново стебло - Платан, с. Честево, 
Општина Валандово 
2023 
ПР 
Валандово 
89. 
Стамер 
2019 
ПР 
Делчево 
90. 
Црн Бор Карши Бавчи, Општина 
Кратово 
2023 
ПР 
Кратово 
91. 
Црна Дудинка - Лесново 
2019 
ПР 
Пробиштип 
92. 
Чинар – Влашка Маала 
2021 
ПР 
Охрид 
93. 
Чинар – Воска 
2021 
ПР 
Охрид 
94. 
Чинар – Кошишта 
2021 
ПР 
Охрид 
95. 
Чинар – Охрид 
2019 
ПР 
Охрид 
96. 
Чинар – Пензионерско 
2021 
ПР 
Охрид 
97. 
Чинар пред зградата на Црвен крст 
2021 
ПР 
Охрид 
98. 
Чинар во Централно градско подрачје 
на општина Охрид 
2021 
ПР 
Охрид 
Поради потребата за заштита и управување со заштитените подрачја или природните 
реткости, се воспоставуваат заштитни зони, и тоа: зона на строга заштита, зона на активно 
управување, зона на одржливо користење и заштитен појас. Активностите и дејностите кои
 
се дозволени во заштитните зони, се утврдени со Законот за заштита на природата, актот за 
прогласување на заштитеното подрачје или природната реткост, како и во Планот за 
управување и Годишните програми кои ги донесува субјектот кој управува со заштитенот
о 
подрачје или природната реткост.  
Националната регулатива за заштита на природата во голема мера е хармонизирана 
со европското законодавство и ги вклучува обврските од ратификуваните меѓународни 
договори од областа на заштита на природата. Во Република Северна Македонија 
воспоставени се тр и Рамсарски подрачја : Преспанско Езеро (1995), Дојранско Езеро (2007) 
и Охридско Езеро (2021) заедно со Студенчишко Блато.
 
Охридското Езеро е впишано на Листата на светско наследство на УНЕСКО во 1979 
година врз основа на критериумите за природно наследство. Во 1980 година, значењето на 
Охридското Езеро беше дополнително проширено со вклучување на културно
-историските 
вредност и, согласно критериумите за културно наследство. Во 2014 година е прогласен 
првиот прекуграничен 
биосферен резерват
 „Охрид–Преспа“ според критериумите на 
програмата на 
УНЕСКО „Човек и биосфера“ на териториите на Северна Македонија и 
Албанија. Во 2021 година на Листата на светско наследство на УНЕСКО е вклучена и буковата 
шума во клисурата на Длабока Река на Кораб, согласно критериумите на иницијативата 
Стари и девствени букови шуми од Карпатите
 и други делови на Европа. 
Мрежата Емералд се состои од подрачја од посебен интерес за зачувување (Areas of 
Special Conservation Interest) која се воспоставува на територијата на државите договорни 
страни на Бернската Конвенција. Емералд мрежата е компатибилна со еколошката мрежа 
Натура 2000, воспоставена од Европската Унија. Во процесот на интеграција кон Европската 
Унија, Република Северна Македонија има обврска за
 спроведување на двете најзначајни 
директиви за природата – Директивата за живеалишта и Директивата за птици, врз кои се 
заснова воспоставување на мрежата 
Натура 2000
. Во процесот на идентификација на 
потенцијални Натура 2000 подрачја треба да се направи усогласување/надополнување со 
прогласените Натура 2000 подрачја во пограничните региони во соседните земји. 
Функционална Натура 2000 мрежа е предуслов за членство во Е
У, и во неа ќе се вклучат 35 
подрачја со вкупна површина од 752.223 ha (околу 29 % од територијата на Државата
).  
