Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
124 
на еколошката мрежа влегуваат системот на еколошки коридори, заштитените подрачја и 
подрачјата предложени за заштита, како и Натура 2000 подрачја кои се воспоставуваат 
согласно Директивата на живеалишта на ЕУ и Директивата за птици на ЕУ. Новите европски 
текови налагаат воспоставување на зелена инфраструктура
30, составена од следните 
елементи: јадрови подрачја, зона на ревитализација, зона на одржливо 
користење/екосистемски услуги, урбани или полу
-урбани зелени елементи, природни 
поврзувачки елементи и вештачки поврзувачки елементи.  
Мрежата на заштитени подрачја на национално ниво вклучува 6 категории на 
заштитени подрачја, усогласени со категоризацијата на Меѓународната унија за заштита на 
природата - IUCN, и тоа:  
1) Категорија I  
- (Ia) cтрог природен резерват (СПР); 
- (Iб) подрачје на дивина (ПД);  
2) Категорија II - национален парк (НП); 
3) Категорија III - cпомeник на природата (СП); 
4) Категорија IV - парк на природaта (ПП); 
5) Категорија V - заштитен предел (ЗПр); 
6) Категорија VI - повеќенаменско подрачје (ПНП).  
Покрај горенаведените категории, утврдена е и дополнителна форма на заштита 
– 
природна реткост. 
Мрежата на заштитени подрачја вклучува 70 подрачја заштитени со одреден степен 
на заштита согласно Актите за прогласување и 1 подрачје 
- Студенчишко Блато кое е 
заштитено со Решение за привремена заштита, кое ќе се применува до денот на влегување 
во сила н а законот со кој ќе се прогласи. Мрежата зафаќа површина од 13,86% (352.136 ha) 
од територијата на Државата. Во Република Северна Македонија прогласени се вкупно 27 
природни реткости (поединечни или група на стари стебла, пештери или палеонтолошки 
локалите ти и др.). Дел од подрачјата од мрежата на заштитени подрачја се категоризирани и 
прогласени согласно Законот за заштита на природата („Службен весник на Република 
Македонија“, бр.67/04), додека дел од подрачјата се категоризирани согласно Законот за 
заштита на природните реткости („Службен весник на Република Македонија“, бр. 41/73, 
42/76, 10/90 и 62/93)
-вон сила, и за нив потребно е да се спроведе постапка за 
ревалоризација и категоризација согласно Законот за заштита на природата (подрачјата за 
кои е пре двидена ревалоризација се означени со симбол * во Табела бр. 35). За подрачјата 
кои се заштитени како природно наследство, односно природна реткост, пред донесувањето 
на Законот за заштита на природата во 2004 година, важат мерките за заштита и управување 
пропишани во актот со кој се прогласени. 
Табела бр. 35 Мрежа на заштитени подрачја 
 
Заштитено подрачје 
Година на 
прогласување 
Категорија 
Општина 
1.  
Галичица 
2010 
НП 
Охрид, Ресен 
2.  
Маврово * 
1949 
НП 
Гостивар, Дебар, Кичево, Маврово и 
Ростушe 
3.  
Пелистер 
2007 
НП 
Битола, Ресен 
4.  
Шар Планина 
2021 
НП 
Боговиње, Врапчиште, Гостивар, Тетово, 
Јегуновце, Маврово и Ростушe, Теарце,  
5.  
Плоче Литотелми 
2010 
СПР 1-а 
Кратово 
 
30 Стратегија на ЕУ за зелена инфраструктура
 
