Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
123 
значајни подрачја за пеперутки. Согласно 
критериумите за Клучни подрачја за биолошка 
разновидност во Република Северна Македонија идентификувани се 42 подрачја
. 
Со примена на методологија за откривање на „жаришта“ за биодиверзитет и 
рангирање на регионите според приоритет за преземање на мерки за заштита, утврдени се 
еколошки сензитивни жаришта
. Еколошката сензитивност на живеалиштата се дефинира 
како подложност на живеалиштата на промени, како последица на комбинација од 
внатрешни и надворешни фактори. 
3.6.3.2. Пределска разновидност 
Разновидноста на пределите е претставена со 41 тип, oрганизирани во осум групи:
 
урбани и индустриски предели,
 земјоделски предели, рурални предели, ридски суво
-
тревести предели, шумски предели, планински тревести предели, планински карпести 
предели и езерски предели. 
 
Слика бр. 17 Пределска разновидност во Р СМ, Извор: Меловски и др. 2019 
Највисоко вреднувани предели во Државата се: предел на елово
-смрчови шуми, 
Дојрански предел, предел на борови шуми, предел на планински пасишта на варовник, 
Преспански предел, предел на брдски пасишта на лапор, предел на кривоборови шибјаци, 
предел на сили катни карпи и камењари, предел на карбонатни карпи и камењари, бреговит 
рурален предел со меѓи, Осоговски планински рурален предел, Рекански планински рурален 
предел и Охридски предел. По однос на сензитивноста, најсензитивни предели се предел на 
елово-смрчови шуми, предел на кривоборови шибјаци, трите езерски предели, пределите на 
брдски пасишта, пределот на планински пасишта на варовник, пелагонискиот предел, 
ридскиот рурален предел со меѓи, Реканскиот рурален предел, Осоговскиот планински 
рурален предел и Мариовскиот предел. 
3.6.3.3. Природно наследство 
Националната еколошка мрежа се воспоставува за зачувување, одржување или 
обновување до поволна состојба на зачуваност на еколошки значајните подрачја. Во состав 
