Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
119 
резултат од бавни и постепени климатски настани, но и екстремни временски непогоди, 
постои можност за појава на прекини во испорака на услугите од транспортните, 
водоводните, санитарните и енергетските системи, што секако би се одразило и би имало 
влијание врз благосостојбата на луѓето и животните, но и недостапноста на овие услуги. 
 
Во квантитативна смисла, влијанието на урбаните системи врз климатските промени 
е илустрирано со фактот дека 75% од сите емисии на стакленички гасови се генерирани во 
урбаните области во Светот (ОН, 2007). Со други зборови, урбаните системи се главен извор 
на новите климатски закани (ESPACE, 2008). Во урбаните
 средини специфичните ефекти на 
климатските промени варираат во завис ­ност од локацијата, но може да вклучат намалување 
на вода за пиење, почести и екстремни временски настани како што се: обилни врнежи од 
дожд, зголемен интензитет на поплави и екстремни т оплотни периоди. Природата и опсегот 
на овие потенцијални закани од климатските промени значи дека поголемиот дел од 
урбаните системи и нивните жители се ранливи до одреден степен. Степенот на урбана 
ранливост се зголемува со зголемување на концентрацијата
 на луѓе и нивните активности на 
мали простори. Исто така, доколку преовладуваат модели на урбанизација кои бараат голема 
потрошувачка на електрична енергија и се со доминантен фокус на сивата инфраструктура 
каде отсуствува интеграција со еколошки пристап,
 постои ризик од пропуштање на 
можностите за прилагодување. Несоодветната употреба на земјиштето, градбите кои го 
попречуваат и блокираат протокот на воздух во одредени урбани подрачја кога не се води 
сметка за ружите на ветрот, лошата изведба на одводи на отпадни води, шахти, канализации 
за одвод на вода, и секако, изолираниот пристап кон здравствено, еколошко, општес
­твено 
планирање, придонесува за зголемување на ранливоста од климатските промени. 
 
Биолошката разновидност е континуирано изложена на влијанијата на климатските 
промени, адаптирајќи се според сопствениот капацитет. Регионите на живеалиштата може 
да се променат со временските услови и промените во ширењето на флората, при што нови 
региони може да станат посоодв етно живеалиште за различни видови од други. Со оценка 
на ранливоста идентификувани се 18 живеалишта кои можат да бидат засегнати од 
климатските промени, како и 58 ранливи растителни и 224 ранливи животински видови
29. 
Проценката на ризиците и можните влијанија на климатските промени врз биолош
­ката 
разновидност и најзагрозените екосистеми упатува на релативно висока чувствител
­ност на 
екосистемите. Ова се должи на нивната нарушеност и изложеност на антропогени притисо
ци 
кои генерално ги прават повеќе ранливи на климатските промени. Означени како најранливи 
се високите планински предели, пасиштата, шумите, речните текови и брегови, влажните и 
степските живеалишта. Ризиците се најизразени кај видовите поврзани со високит
е 
планински живеалишта кои ќе бидат значително погодени од глобалното затоплување. 
Екстремните временски и климатски настани како што се поплави, суши, студени бранови и 
особено пожари, може да имаат негативно влијание врз биодиверзитетот. Во услови на вис ок 
антропоген притисок, нарушен статус на заштита на видови и живеалишта, природните 
катастрофи може да имаат фатални последици врз биолошката разновидност, особена кај 
видовите со ограничена и малубројна распространетост. 
 
Туризмот во иднина ќе биде соочен со ризици од климатските промени. На високите 
и средно високите планини се очекува намалување на снежната покривка и нејзиното 
времетраење. Со тоа се очекува да бидат загрозени скијачките дестинации и нивното 
 
29 Национална стратегија за заштита на природата (2017
-2027) 
