Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
117 
во просек е зголемена за 10 
- 15 дена во однос на втората половина на XX
-от век. Овие 
промени влијаат на динамиката на развојот на растенијата, па може да доведат до тоа, 
неповолните временски услови да се поклопат токму со чувствителните фази на развој. 
Сушата неповолно влијае на сите земјоделски култури, посебно кога се јавува во периоди на 
развој на културите, кога водата е неопходна за формирање на приносите, што обично се 
совпаѓа со годишниот минимален проток на реките и зголемената потрошувачка на вода од 
населението и индустријата. Во крајна инстанца, зголемувањето на температурите може да 
резултира со недостиг на храна (заради намалени приноси), промени во економската 
состојба на самите земјоделци (зго ­ле­ме­ни производни трошоци или намалени приноси), но 
и во националната економија (земјодел ­ството има висок удел во БДП и ангажира голем дел 
од работоспособното население, посебно од руралните области). 
Интензивните врнежи , 
особено ако се случуваат за време на цутењето на земјоделските култури, можат да го 
попречат оплодувањето. Исто така, прекумерната влажност на почвата создава неповолни 
услови за ‘ртење и развој на коренот на земјоделските култури. Дополнително, интензив
ните 
врнежи ја забрзуваат ерозијата на почвата, а влажните услови се поволна основа за појава 
на растителни болести и штетници. Поради зголемувањето на бројот на екстремно топли 
денови, се почесто се појавува невреме со силен ветер и град, кои можат физичк
и да ги 
оштетат земјоделските површини. Климатските промени ќе имаат негативно влијание во 
речиси сите земјоделски региони, но најголеми промени се очекуваат во централниот и 
југоисточниот дел на земјата. Некои од најзначајните очекувани последици од клима
тските 
промени во земјоделскиот сектор се: недостаток на вода, зачестена појава на болести и 
штетници, промени во составот на културите/сортите и намалување на продуктивноста.
 
Климатските промени во шумарството ќе имаат влијание врз: здравствената состојба 
на шумите, транспарентноста на крошните, достапноста на вода, шумските екосистемски 
услуги, продуктивноста на шумите, складирањето и врзувањето на јаглерод и во основа 
целосна промена во пристапот на управување
то со шумите. Проценката на ранливост на 
влијанието на климатските промени во шумарството најчесто вклучува фокус на биолошката 
состојба на шумата (видови шуми, нивната здравствена состојба, движење на шумскиот појас, 
појава на пожари, инсекти и штетници), како и ана
­лиза на влијанието на климатските 
промени врз управувањето со шумите и иденти ­фикација на најранливите сегменти. 
Како резултат на зголемените температури, кои траат подолго, растенијата имаат 
подолг период на растење и подолг период за фотосинтеза, што може да доведе до зголемен 
раст на шумите и поголема можност за зачувување на јаглеродниот двооксид. Сепак, 
порастот на температурите ја зголемува ранливоста кај шумите од доцните пролетни 
мразови и замрзнувањето на почвата, стресот на дрвјата и намалувањето на нивната 
продуктивност. Намалената продуктивност ќе наметне неизвесност во стопанисувањето со 
шумите. Дополните лно, сечата, урбанизацијата и зголемените температури можат да 
доведат до уништување на дрвјата што ќе резултира со ослободување на складираниот 
јаглерод двооксид. Благиот пад на средната годишна количина на врнежи, условува 
зголемување на бројот на сушни денов и, што може да резултира со намалување на влагата 
во почвата. Така, шумските подрачја стануваат поподложни на болести и шумски пожари. Тоа 
може да резултира со намалена понуда на дрва, намален раст и принос, лош квалитет и 
квантитет на дрвото и промени во 
составот на видовите. Екстремните временски настани, 
можат да предизвикаат ерозија на земјиштето, продукција на наноси и зачестени поројни 
