Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
116 
3.6.2. Климатски промени 
Антропогените активности кои во најголема мера придонесуваат за појава на 
климатски промени се: согорување на фосилните горива за производство на енергија, 
индустриските процеси, земјоделските активности, урбанизацијата, уништувањето на 
шумите и деградациј а на земјиштето, употребата на возила со погон на фосилни горива и 
несоодветните практики за управувањето со отпад. 
 
Анализата на климатските услови за периодот
 од 1991-2020 година, укажува на 
изразено зголемување на температурата на воздухот, раст на бројот на летните и тропски 
ноќи, зголемен број на тропски денови, дефицит на континуирани врнежи ( особено во 
летниот период) и растечки тренд на суши, како и продолжу
вање на вегетативната сезона. 
Овие промени ја намалуваат достапноста на вода како клучен природен ресурс и го 
нарушуваат функционирањето на зависните сектори: хидроенергетика, земјоделство, 
производство на храна и туризмот. 
Очекуваните климатски промени ќе се манифестираат со почести бури и поплави, 
продолжени суши, екстремно високи и ниски температури на воздухот, топлотни бранови, 
снежни бури, лавини, лизгање на земјиштето и шумски пожари. Овие непогоди колективно го 
загрозуваат производството на храна и енергија, снабдувањето со вода, биолошката 
разновидност и здравјето на луѓето. 
Нашата држава се вбројува во земјите кои се ранливи на климатските промени. 
Проценките за зголемување на зачестеноста и интензитетот на екстремните временски 
настани кои може да се манифестираат како невреме, укажуваат на зголемен ризик од 
поплави, особено покрај реките, потоците, како и во урбаните средини. Интензивирањето на 
сушните периоди, односно зголемувањето на бројот на денови без врнежи, ко се очекуваат 
ќе имаат значајни последици врз земјоделското производство и снабдувањето со вода. 
Зголемувањето на температурата во летниот период може да предиз
­вика појава на 
топлотни бранови кои претставуваат ризик за здравјето на населението. Дополнително, 
промените во динамиката на врнежите, во комбинација со интензивната урбанизација, може 
да придонесе кон за брзана ерозија на почвата. 
Ризиците и влијанијата од климатските промени можат да се одразат врз клучните 
сегменти на националниот развој, како економскиот раст, енергетската сигурност и 
управувањето со енергетските ресурси, безбедноста и одржливото управување со животна 
средина. До полнително, овие влијанија може да предизвикаат значајни нарушувања во 
земјоделството, туризмот, транспортот, здравството, шумарството, водните ресурси, 
урба­ното живеење и други сектори. 
Справувањето со климатските промени вклучува убла
­жување на влијанијата преку 
намалување на емисиите на стакленички гасови, од една и адаптација кон последиците од 
климатските промени од друга страна. 
Се проценува дека 
земјоделството ќе биде еден од најпогодените сектори од 
климатските промени поради директната зависност од климатските услови, како 
температура, сон ­че­вата светлина и вода, како основни фактори за раст на земјоделските 
култури. Зголемувањето на температурата
 во текот на сите годишни времиња доведува до 
промени во динамиката на растот и развојот на сите земјоделски култури. Поради потоплите 
зими, растот и развојот на пролетната вегетација започнува порано, а поради потоплите 
есенски периоди, завршува подоцна. Од тие причини, должината на вегетатив ­ниот период, 
