Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
112 
Концентрациите на вкупниот амониум во реките Вардар, Брегалница и Црна Река одговараат 
на води со квалитет од II до V класа, каде Црна Река убедливо има најлош квалитет. 
Анализата на податоците покажува дека постои тренд на намалување на концентрациите на 
олово и кадмиум, што укажува на подобрување на хемиската состојба на реките. Охридското 
Езеро го задржува олиготрофниот статус, додека кај Преспанското и Дојранското Езеро се 
зголемува ризикот од еутрофикација. Квалитетот на водата за капење во природните 
и 
вештачките езера, главно е на задоволително ниво. 
Пристапот до безбедна вода за пиење во Република Северна Македонија изнесува 
98% (период од 2001 до 2021 година) со назнака дека од тоа во градовите населението има 
пристап до безбедна вода за пиење од 100%, а во руралните населби 74,83% од населението 
пие здравствено -исправна вода за пиење, додека остатокот е изложен на повремен ризик од 
бактериолошко загадување на водата за пиење. 
3.6.1.3. Квалитет на почви  
Основни извори на загадување на почвите се индустриските активности преку 
емисија на загадувачки материи или преку депонирање на индустриски отпад (рударство и 
металургија), земјоделските активности, урбанизацијата, ерозијата и друго. 
 
Во 2021 година Европската Унија ја усвои Стратегијата за почви која има влијание и 
врз националните политики на потенцијалните земји
-кандидати за ЕУ. Врз основа на оваа 
стратегија, Владата во 2021 година ја усвои Стратегија за земјоделство и рурален развој
 за 
периодот 2021 -2027 година во која се предвидени активности и мерки за консолидација на 
земјиштето, заштита на почвата и мониторинг. Поради отсуството на соодветна законска 
регулатива за заштита на почвите (сеуште не е донесен Закон за заштита на почвит
е), не е 
воспоставен мониторинг на почвите на национално ниво. Податоци за квалитетот на почвите 
постојат само за земјоделските почви, но само за почвените својства што се значајни за 
земјоделското производство. За нив исто така нема мониторинг за присуств
ото на штетни 
материи. Основните податоци за почвите се добиваат само од научни истражувања или 
изработка на посебни студии за квалитетот на почвите, за ерозијата на почвите, 
опустинувањето и слично. Овие студии укажуваат на загадување на почвите посебно с
о 
тешки метали во одредени региони (Велес, Пробиштип, Скопје, речните сливови на 
Брегалница, Крива Река, Црна Река и други). 
3.6.1.4. Бучава  
Главни извори на бучава во животната средина се патниот, железничкиот и 
воздушниот сообраќај, индустријата, градежните активности, рекреативните активности и 
угостителските објекти. Патниот сообраќај е најзначајниот извор на бучава во урбаните 
средини зара ди големиот број на патнички возила и староста на возниот парк. Изложеноста 
на луѓето на индустриска бучава во населените места е значително помала, во споредба со 
бучавата од патниот сообраќај, но изложеноста на бучава може да биде со висок интензитет.
 
Бучавата од угостителските објекти и јавни настани е особено интензивна во летен период, 
кога активностите се одвиваат на отворен простор и вклучуваат голем број на луѓе.
 
Интензитетот на бучавата во животната средина се следи редовно и во континуитет 
само во Битола, Кичево, Куманово и Скопје на релативно мал број мерни места. Резултатите 
од мониторингот, јасно укажуваат дека во близина на најголем број мерни точки, во подол
г 
период од годината, населението е изложено на прекумерна бучава. 
