Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
110 
Просторната база на податоци за просторни планови ги содржи следните збирки на 
податоци: 
Општи податоци 
Природни 
карактеристики 
Земјоделство и 
земјоделско 
земјиште 
Шуми и шумско 
земјиште 
Минерални 
ресурси 
Водни ресурси и 
водостопанска 
инфраст руктура 
Енергетска 
инфраструктура 
Комуникациска 
инфраструктура 
Сообраќај 
Терцијарни 
дејности 
Население 
Урбанизација и систем 
на населби 
Домување 
Јавни функции 
Намена на 
земјиште 
Стопанство 
Животна 
средина 
Природно 
наследство 
Културно 
наследство 
Туризам 
Природни и технолошки 
катастрофи 
Слика бр. 16 Просторна база на податоци за Просторниот план
 
За донесените Просторни планови креиран е ГИС портал со публикувани WEB 
сервиси, достапен за сите корисници, публикуван и на НИПП порталот 
- 
https://portal.app.gov.mk/ProstorenPlan/
.  
Една од основните вредности кои новите ГИС технологии ги овозможуваат е 
ефикасната размена на ажурирани и верификувани податоци помеѓу институциите кои се 
одговорни за нивното креирање. Ваквиот концепт треба значително да го олесни процесот 
на документирањ е на просторот како примарна влезна активност која ќе придонесе за 
квалитетни плански решенија.  
Националната инфраструктура на просторни податоци 
– НИПП на Република 
Северна Македонија е усогласена со политиките и статутарните инструменти во Европската 
Унија. Тие ги обезбедуваат основните правила кои треба да ги почитува јавниот сектор при 
овозможува њето пристап до своите податоци на другите јавни органи, на приватниот сектор, 
или јавноста.  
Интеграцијата на информациските технологии, базите на просторни податоци и 
вмрежувањето, допринесува да се унапреди системот на просторно планирање во смисла на 
брз и едноставен пристап до ажурирани податоци, лесна размена и презентација на 
планските решен ија и зголемување на транспарентноста на планскиот процес.
 
