Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
108 
универзална поштенска услуга АД „Пошти на Северна Македонија“, организирани во 15 
подружници. 
3.5.4.9. Безбедност во телекомуникациски мрежи
 
Во ера на глобална дигитална поврзаност на целиот свет и интензивен процес на 
дигитализација на сите сфери на општеството, сајбер безбедноста е клучен фактор за 
нормално функционирање на економијата, општеството и животот на луѓето воопшто. 
Македонските чи нители во областа на сајбер безбедноста (телеком оператори, финансиски 
инстиуции, софтверски компании итн.) успешно ги следат светските трендови за креирање, 
развој и имплементација на сајбер безбедносни решенија и ресурси.  
Сајбер безбедноста е област е вклучена во наставата на македонските универзитети 
и во научно-истражувачката и апликативната дејност.  
Потребни се иницијативи за зголемување на ресурсите (финансиски, човечки, 
организациски и др.) за успешно справување со предизвиците на сајбер безбедноста. 
Свесноста и вештините на населението и вработените во организациите во поглед на сајбер 
безбедноста се на ниско ниво. 
 
 
