Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
104 
Електропреносен систем 
Во електропреносната мрежа, прикажана нa 
Слика бр. 15, постојат две напонски 
нивоа: 110 kV и 400 kV, за поврзување на големите производители на електрична енергија и 
потрошувачите (градови или делови од поголемите градови). Главниот дел од македонската 
електропреносна мрежа го сочинуваат 400 kV далекуводи, к
ои формираат прстен што ги 
поврзува најголемите потрошувачки и производствени центри во земјата, како и 
интерконекциите со соседните електроенергетски системи.
 
 
Слика бр. 
15 Eлектроенергетски систем на РСМ
, Извор: МЕПСО, План за развој на 
електропреносниот систем за период 2023
-2032, Скопје, 2022 
Електропреносниот систем на Република Северна Македонија е поврзан со 
електропреносните системи со соседните држави, освен со Албанија, преку пет 400 kV 
интерконекции: 
· 
Косово, преку 400 kV далекувод ТС Скопје 5 
– ТС Феризај 2 (Урошевац); 
· 
Србија, преку 400 kV далекувод ТС Штип 
– ТС Врање 4; 
· 
Бугарија, преку 400 kV далекувод ТС Штип 
– ТС Могила; 
· 
Грција, преку два 400 kV далекуводи ТС Битола 2: ТС Мелити и ТС Дуброво 
– ТС Солун. 
За поврзување на нашиот електропреносен систем со електропреносниот систем на 
Албанија, во 2022 година е започната изградбата на 400 kV далекувод Битола 
– Елбасан со 
должина од 92 km, како и изградба на ТС 400/100 kV/kV Охрид. Со овој проект ќе се заврши 
изградбата на „Коридорот 8“, со што Македонија и Бугарија ќе се поврзат со Албанија, Црна 
Гора и Италија.  
Електродистрибутивен систем
 
Електродистрибуција, како носител на лиценца за регулираната дејност дистрибуција 
на електрична енергија и оператор на дистрибутивниот систем опслужува околу 780.000 
потрошувачи и генератори поврзани на дистрибутивни мрежи преку 803.246 приклучоци, од 
кои 1,148 се на среден напон (10, 20 и 35 kV), а останатите 802.098 се поврзани на низок напон 
(0,4 kV). 
