Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
103 
затоплување, јавни котли односно топлани користат само густо населените делови од градот 
Скопје (Топлана запад, Топлана исток и ТЕТО Скопје), додека останатиот дел од 
домаќинствата користат електрична енергија и огревно дрво во најголем дел. 
 
3.5.3.3. Енергетски системи  
Енергетскиот систем на Државата го сочинуваат капацитетите за производство на 
енергија, системите за пренос и дистрибуција на енергија како и потрошувачите на енергија. 
 
 
Систем за производство на електрична енергија
 
Системот за производството на електрична енергија го сочинуваат 
термоелектричните централи, кои како примарен извор на енергија користат: лигнит, мазут 
и природен гас, како и електричните централи кои користат обновливи извори на енергија: 
енергијата на во
дата, ветерот, сончевата енергија, биомасата и биогасот. Вкупниот 
инсталиран капацитет на електричните централи во 2023 година изнесува 2632,61 MW.
 
Доминантна технологија за снабдување на потребите за електрична енергија се 
термоелектричните централи на јаглен кој е со ниска калорична вредност, ограничени 
резерви во следните 10 години, а дополнително претставува и ризик поради високата 
емисија на CO
2 при неговото согорување. Термоелектричните централи имаат најголемо 
учество во вкупниот инсталиран капацитет (39,28%), и во производството на електрична 
енергија (46,27%). 
Во електроенергетскиот систем во 2023 година се приклучени нови производители 
на електрична енергија со инсталиран капацитет од 367,3 MW, од кои најголем дел 
фотоволтаични централи со вкупен инсталиран капацитет од 361,9 MW.
 
Во 2023 година инсталираната моќност на електроцентралите од обновливи извори 
на енергија учествува во вкупниот производствен капацитет со 50%, а во вкупното 
производство со 33%, каде доминантно учество имаат хидроелектраните. Најголем 
производител на елек
трична енергија во 2023 година e АД ЕСМ Скопје, во државна 
сопственост, со 62% учество во вкупното производство на електрична енергија.
 
Инсталираната моќност и производството на електричните централи кои користат 
обновливи извори на енергија се прикажани во следната 
табела и се поделени според 
технологијата. 
Табела бр. 38 Производство на електрична енергија во 2023 година, според технологија
, Извор: 
Регулаторна комисија за енергетика и водни ресурси на РСМ
 
Вид на електрична 
централа 
Број на електрични 
централи 
Инсталиран 
капацитет (MW) 
Учество 
(%) 
Производство 
(GWh) 
Учество (%) 
ТЕЦ 
5 
1034 
39 
3032 
46 
ТЕ-ТО 
3 
287 
11 
1348 
21 
Вкупно обновливи 
извори на енергија 
1147 
1312 
50 
2173 
33 
ХЕЦ 
10 
587 
45 
1277 
59 
ВЕЦ 
2 
73 
6 
165 
8 
Мали ХЕЦ 
124 
133 
10 
371 
17 
ФЕЦ 
1003 
506 
39 
298 
14 
ТЕЦ Биогас 
7 
12 
1 
62 
3 
ТЕЦ Биомаса 
1 
1 
0 
0 
0 
ВКУПНО 
1155 
2633 
100 
6553 
100 
Вкупниот капацитет за производство на топлинска енергија изнесува 794 MW. Сите 
производители на топлинска енергија како гориво го користат природниот гас, што има 
позитивен придонес од еколошки аспект.  
