Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
102 
сливови имаат дополнителен технички потенцијал од околу 440 GWh, така што вкупниот 
хидро енергетски потенцијал во Државата се проценува на околу 5600 GWh од кој досега во 
изградените хидроенергетски објекти се користат околу 1470 GWh (26%).
 
Според географската локација и релјефната конфигурација, погодни локации за 
градба на ветерни електрични централи се долината на р.Вардар, односно Повардарието, 
Овче Поле околу Свети Николе, како и повисоките планински делови со повисока брзина на 
ветрот, во просек од 6,7 m/s до 8,5 m/s. Изборот на локацијата зависи и од други услови, како: 
конфигурацијата на теренот, сопственоста на локацијата (приватна или државна), 
инфраструктура и пристап до сообраќајници (за транспорт на опремата), оддалеченост од 
високонапонската или среднонапонска мрежа и др. 
Просечното дневно сончево зрачење во Р.С.Македонија, изнесува 3,8 kWh/m
2, што е 
за околу 30% повисоко од просечната вредност во многу европски земји. Просечното 
годишно зрачење 1.385 kWh/m
2, во просек имаме 283 сончеви денови, а во просек има 5,83 
часови сонце во текот на денот.  
Според енергетскиот биланс, биомасата учествува со 6% од вкупната примарна 
енергија во Република Северна Македонија, односно 9,5% од вкупната потрошувачка на 
енергија. Од вкупната биомаса која се користи за енергетски потреби, дрвото и дрвениот 
јаглен зазе маат најголем дел. Огревното дрво се користи главно за греење во домаќинствата, 
а исто така се применува и во индустријата.  
Република Северна Македонија има голем потенцијал за искористување на биогасот 
од животинско ѓубриво за енергетски намени, како и производство на биогориво од 
растителни култури. Биогоривата се произведуваат во Рафинеријата за производство на 
биодизел гориво, која работи од 2007 година и е со капацитет од 30 илјади тони годишно. За 
производство на биодизел горивото се користи нерафинирано масло од семе од маслодајна 
репка, кое се набавува од увоз. 
Термалните води се користат во неколку геотермални проекти и повеќе бањи. Сите 
се комплетирани и работат од 80
-тите години на минатиот век. Искористувањето на овој 
потенцијал е на локално ниво и тоа за задоволување на потребите за затоплување на објекти, 
базени, оранжерии, сушење на земјоделски производи, подготвување на санитарна топла 
вода итн. Најголема е потрошувачката на геотермална енергија во земјоделството. Во 
Државата нема термални извори кои овозможуваат производство на електрична енергија. 
 
3.5.3.2. Потрошувачка на енергија по енергенти и сектори
 
Потребите од енергија по жител во последните дваесет години се релативно 
константни и се движат околу 1450 kgoe или 1,45 toe по жител годишно. Вкупните потреби од 
енергенси во периодот 2010 -2020 година се релативно константни и се движат околу 2800 
ktoe го дишно. Доминантен енергенс се течните горива заради застапеноста во сообраќајот. 
Јагленот зема се помала улога во индустријата, а природниот гас и обновливите извори 
освојуваат се поголем дел од енергенсите во системот.
 
Загубите на енергија се претежно во преносниот и дистрибутивниот 
електроенергетски систем за електрична енергија и во делот на дистрибуција на топлинска 
енергија во град Скопје. 
Во структурата на потрошувачката на енергија доминантно место има електричната 
енергија и енергијата од огревно дрво како најкористени енергенси во домаќинствата, 
додека природниот гас е со занемарливо учество. Потрошувачката на електрична енергија е 
најголема во Скопскиот регион, додека потрошувачката на огревно дрво е релативно 
подеднаква во сите региони во зависност од бројот на домаќинства. Во делот на 
