Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
101 
 
Слика бр. 14 Енергетска инфраструктура во секторот за природен гас
, Извор: НОМАГАС 
Нафта, нафтени деривати и биогорива
 
Енергетската инфраструктура во нафтениот сектор во Државата овозможува увоз, 
извоз и транспорт на сурова нафта и нафтени деривати, преработка на сурова нафта, 
производство на биогориво, дистрибуција, транспорт и продажба на нафтените деривати. Во 
Република Северна Македонија нема наоѓалишта на нафта, а од 2013 година нема ни 
производство на нафтени деривати, така што резервите во Државата се базираат на увезена 
сурова нафта и нафтени деривати од 0,8 
– 1,0 мил. тони годишно.  
Нафтоводот АМБО кој беше планиран проект за транспорт на нафта во почетокот на 
овој век, веќе е напуштен како идеја. Изградениот нафтовод Солун
-Миладиновци ОКТА, ќе 
се користи како продуктовод за транспорт на нафтени деривати (најчесто дизел гориво). 
 
Обновливи извори на енергија 
Од обновливите извори на енергија во Државата се користат хидроенергијата и 
ветерната енергија за производство на електрична енергија, сончевата енергија за 
производство на електрична енергија и топлина (во домаќинствата), биомасата (во најголем 
дел дрвна маса во домаќинствата) и геотермалната енергија (во најголем дел за затоплување 
на оранжериите). 
Хидроенергетските објекти во Македонија, според водите кои ги користат и речниот 
слив, можат да се поделат на електрани на реката Црн Дрим, како и сливовите на поголемите 
притоки на р. Вардар, а тоа се р. Треска, и р. Црна. Како посебни, можат да се класиф
ицираат 
Мавровските хидроелектрани кои ги собираат Шарските води и припаѓаат на Вардарскиот 
слив. Од проценетиот технички енергетски потенцијал најголемиот дел припаѓа на 
Вардарскиот слив со околу 4270 GWh и сливот на Црн Дрим со околу 880 GWh. Малите 
