Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
98 
испуштаат директно во реципиентите. Покриеноста на населените места со атмосферска 
канализација е околу 24%. 
Наводнување и одводнување на обработливите површини
 
Вкупната површина за наводнување опфатена со проектната документација за 
системите изнесува 126.224 ha, но реално наводнуваната површина во 2022 година изнесува 
21.906 ha. Искористеноста на системите за наводнување е различна, како по системи така и 
по год ини: за Стрежево се движи во опсегот од 23% до 31%, за Тиквеш од 49% до 55%, за 
Брегалница од 36% до 77%, Липково од 7% до 14%. Проблемите во наводнувањето се: 
недостаток на инвентар на системите за наводнување, незадоволително одржување на 
системите, голе ми загуби на вода во мрежата на системот за наводнување и на делничната 
мрежа (вкупни загуби за Тетовско Поле 30%
-50%, ХМС Струмичко Поле 20%, Берово 30%, 
ХМС Брегалница 50% и Кумановско Липковско Поле 50%). 
 
Проектираната површина на системите за одводнување изнесува 80230 ha, дел од 
системите не функционираат (Преспанско Поле, Кочанско, Штипско и Овче Поле), така што 
во 2022 реално е извршено одводнување на 64058 ha. Состојбата на системите за 
одводнување не задоволува во однос на состојбата на реципиентите, вливните објекти и 
целокупната одводна мрежа. Помеѓу главните причинители за нефункционирањето на 
системите е и поделеноста на надлежностите согласно постојна законска регулатива.
 
3.5.2.2. Водостопанство и хидротехничка инфраструктура
 
Водните акумулации се клучни објекти за животната средина и за водостопанството, 
особено имајќи ги предвид климатските промени и потребата од обезбедување доволни 
количини на вода за потребите на населението и одржување на соодветни услови за 
опстанок на ж
ивотните заедници (биоценези) во нивните живеалишта (биотопи). Од 
водостопански аспект, единствените објекти кои обезбедуваат временска и просторна 
прераспределба на водните ресурси се акумулациите, кои се создаваат со градба на големи 
брани. Акумулирањето на водата се повеќе се докажува како неопходна и клучна активна 
мерка за ублажување на просторната и временската хидролошка нерамномерност, за 
надминување на асинхроноста меѓу расположливите води и потребите за вода, како и за 
ефикасно намалување на штети те предизвикани од екстремните хидролошки појави (суши и 
поплави). Нерамномерната распределба на водата по простор, време и квалитет, во голема 
мера го отежнува искористувањето на водните ресурси и наметнува потреба за вештачка 
прераспределба на водите со 
преземање на скапи инженерски мерки, со цел да се добие 
вода на дадено место со определено количество и во одреден временски момент.
 
Хидросистеми од типот на брани со водни акумулации
 
Градбата на брани со акумулации датира од 1938 година, кога е изграденa лачната 
брана Матка на река Треска, во близина на Скопје. Досега се изградени 
31 брани, кои 
формираат акумулации со вкупен волумен од 2.4 ×10
9 m3. 
Табела бр. 36 Изградени брани со акумулации во РСМ 
Име 
Река 
Година на 
 изградба 
Тип 
H (m) 
Hk (m) 
L (m) 
Vb (m 3) 
Vr 
(m3×103) 
Намена 
Матка 
Треска 
1938 
Л 
29,5 
38,0 
64,0 
3000 
3550 
ХЕ 
Маврово 
Мавровска 
1952 
З 
54,0 
62,0 
210,0 
777000 
357000 
ХЕ, Н А 
Липково 
Липковска 
1958 
Л 
29,5 
40,0 
203,0 
13000 
2250 
НА, В 
Градче 
Кочанска 
1959 
Л 
29,0 
43,0 
150,0 
12000 
2400 
В, НА 
