Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
97 
 
Слика бр. 13 Вкупни расположиви водни ресурси по подсливови за референтниот период 1991
-
2020 (милиони m3) 
Од територијата на Државата истекуваат околу 189 m
3/s. Ова е еквивалентно на 
волумен на истекување од околу 5,95х10
9 m3/годишно. Приближно 87% од површинските 
води потекнуваат од земјата, додека останатите 13% се вливаат од соседните региони. 
Сливот на реката Вардар е најголем, кој содржи 73% од вкупните површинските водни 
текови, од кој истекуваат околу 137 m
3/s, што е еквивалентно на волумен на истекување од 
околу 4,33х10 9 m3/годишно. Од останатите, 25% течат низ сливот на реката Црн Дрим (1,5х 
109 m3/годишно) и само 2% низ сливот на реката Струмица. Вкупниот волумен на истекување 
од територијата на Република Северна Македонија кон Егејскиот слив е 4,45 10
9 m3/годишно. 
Подземните води се еден од најзначајните ресурси во Државата бидејќи во моментов 
од нив се снабдува со вода околу 70% од населението.  
Водоснабдување и одведување на отпадните води
 
Состојбата со покриеноста на услугата на водоснабдување на населението од јавен 
водовод е релативно добра и изнесува 98% на урбаниот дел и 94% на руралниот дел или 
просек од 96%. Вкупната зафатена и потрошена количина на вода со јавните водоводи за 
2020 го дина за водоснабдување на население изнесува 14.33 (m
3/s), односно вкупната 
количина за население, туристи и индустрија е 22.600 (m
3/s), од која 75% се обезбедува од 
подземните води, 12% од водотеци, 11% од акумулации и 2% од езера. Поголем дел од 
зафатената и потрошена вода (>50%) е нерационално искористен и припаѓа во категорија на 
загуби на вода. Високиот процент на неискористена вода зб
орува за лоша состојба на 
комуналната инфраструктура, како и несоодветно управување со соодветниот сектор. 
 
Покриеноста нa населбите со канализациона мрежа за одведување на отпадните 
води во урбаниот простор изнесува блиску 99%, а 56% 
во руралниот, или просечно околу 
82%. Количината на отпадна вода која се испушта во реципиентите од население изнесува 
околу 7.71 (m3/s), или вкупната количина од население, туристи и индустрија е 10.29 (m
3/s). 
Поголем дел од наведените количини на отпадна вода (>72%) без пречистување се 
