Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
96 
3.5.2.  Управување со води, водостопанство и хидротехничка инфраструктура
 
3.5.2.1. Управување со води 
Територијата на Северна Македонија, Согласно Законот за води и Рамковната 
Директива за Водите, е поделена на четири речни сливови: (1) Сливот на реката Вардар, кој 
гравитира кон Егејското Море; (2) Сливот на реката Црн Дрим, кој ги опфаќа сливовите на 
Преспанското и Охридското Езеро и се влева во Јадранското Море; (3) Сливот на реката 
Струмица кој гравитира кон Егејското Море и (4) Сливот на реката Јужна Морава во земјата, 
како дел од сливот на реката Дунав (Црно Море). 
Со цел да се добие подобра прегледност на расположливите количини на вода и 
нивното користење, во границите на четирите сливови територијата на Државата е поделена 
на 10 подсливови: 1) Горен Вардар, 2) Лепенец, 3) Треска, 4) Пчиња, 5) Среден Вардар, 6) 
Брегалница, 7) Црна Река, 8) Долен Вардар, 9) Струмица, 10) Црн Дрим
. 
 
Слика бр. 12 Главни речни сливови и под -сливови во Република Северна Македонија
 
Расположиви водни количини 
На територијата на Република Северна Македонија се евидентирани 4400 извори со 
вкупна издашност од 992 милиони m
3 годишно, односно 31.49 m 3/s, од кои 40 извори имаат 
капацитет поголем од 100 l/s. Најголем дел од изворите се лоцирани во западниот и 
централниот дел од Државата. Најголеми извори се Рашче со капацитет од 6 m
3/s, изворот 
на р. Треска со 3 m 3/s и изворот Св. Наум со капацитет од над 10 m
3/s вода. Бројот на извори 
од кои се црпи вода е 1918, со вкупен капацитет од 195,2 милиони m
3/годишно. 
Анализата на хидролошките мерења, укажува дека територијата на Република 
Северна Македонија располага со задоволителни количини на вода, меѓутоа со 
нерамномерна просторна распределба.  
