Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
95 
безбедноста, подобрувања на правната основа, градење/зајакнување на капацитетот на 
клучните акционери за безбедност на патиштата.  
Бројот на сообраќајни незгоди на патиштата во Државата во 2022 година бележи 
тренд на намалување од 2,9 % во однос на 2021 година, како и бројот на настрадани лица кој 
во 2022 година е помал за 5,2 % во однос на 2021 год. Најголем број незгоди се случуваат
 на 
подрачјата на Скопје, што е логично со огле д на интензитетот и степенот на моторизација во 
однос на останатите делови од Државата. 
Со цел обезбедување на поддршка и посветеност на безбедноста на сообраќајот, 
неопходно е воспоставување на добар метод на следење на состојбата на безбедноста на 
сообраќајот, што бара унапредување на начинот на следење на сообраќајните незгоди и 
последиците од нив, достапноста, размена и унапредување на овие бази на податоци, како и 
снимање и следење на најважните индикатори за безбедноста на сообраќајот.
 
 
 
