Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
94 
Околу 95 -96% од авионскиот сообраќај се одвива со редовни линии. Во текот на 2023 
година, преку двата меѓународни аеродроми ТАВ Македонија патувале над 3 милиони 
патници 24. Најфреквентна дестинација од Меѓународниот Аеродром Скопје, според 
статистиката за патничкиот авиосообраќај на ТАВ Македонија за 2023 година, бил Истанбул 
со околу 11% од патувањата. Превозот на стоки со воздушниот сообраќај е претежно од 
аеродромот во С копје и е наменет за меѓународен сообраќај. 
3.5.1.5. Воден сообраќај  
Внатрешната пловидба во Државата е застапена на природните и вештачките езера, 
акумулациите кои имаат третман на рекреативни езера и на одредени делници на реките, 
каде што постојат услови, за индивидуални и рекреативни цели. Внатрешната пловидба 
најчесто се врши до населените места и некои туристички локалитети по должината на 
бреговите и езерата. Најзастапена е пловидбата на Охридското Езеро, како најголемо и 
најзначајно природно езеро. Во пловидбата на Охридското Езеро застапени се речиси сите 
видови чам ци, и единствено на него се користат патнички бродови. Анализата и прегледот 
на состојбата во безбедноста на внатрешната пловидбата е во рамките на Министерството 
за транспорт, конкретно на органот Капетанија на пристаништата во Охрид и 
Министерството за в натрешни работи на РСМ и Регионалните центри за гранични работи. 
 
3.5.1.6. Интермодален транспорт и логистички центри
 
Интермодалниот транспорт за континентална држава е од големо значење за 
меѓународната размена на стоки. Контејнерскиот транспорт во регионот постојано се 
зголемува особено во пристаништето во Драч 
– Албанија. Покрај пристаништето во Драч, 
најкористено прис таниште за контејнерски и интермодален транспорт е солунското 
пристаниште, кое има железничка инфраструктура поврзана со грчката железничка мрежа, 
а преку неа и со пругата од Коридорот 10 која поминува во нашата Држава.
 
3.5.1.7. Урбана мобилност  
Негативните економски, еколошки и социјални влијанија, поврзани со актуелните 
состојби во сообраќајот, кои се реперкуираат врз животната средина и квалитетот на живот 
во градовите, упатуваат на заклучок дека локалните самоуправи имаат потреба од поддршка 
за справување со овие проблеми. Решението го нуди урбаната мобилност како нов концепт 
за планирање на урбаниот транспорт во кој се применуваат постојните практики на 
планирање, но се вклучуваат и принципите на партиципација, интеграција и евалуација и 
Плановите за одржлива урбана мобилност (ПОУМ) кои треба да бидат највисоки локални 
стратешки документи кои ги детектираа
т актуелните состојби во областа на сообраќајот и 
урбанизмот и усвојува соодветни (специфични и стратегиски) мерки за разрешување на 
идентификуваните проблеми. На тој начин, ПОУМ се алатка со која ќе се унапреди 
капацитетот на локалната самоуправа во насока
 на обезбедување на услови за хумано 
живеење на граѓаните. 
3.5.1.8. Безбедносни аспекти на сообраќајот
 
Во Државата постои основна рамка за управување и подобрување на безбедноста на 
патиштата, но она што недостасува е ефикасноста во оперативно управување со 
 
24 https://skp.airports.com.mk/mk
-MK/media -centre -mk/press -releases -mk/page/tav -over-3-million-pax-skopje-
and-ohrid-airports -mk- 
