Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
92 
Патен сообраќај 
Доминантен транспортен вид на пазарот на транспортни услуги во Државата е 
патниот транспорт, кој учествува во превозот на патници во интерурбаниот и меѓународниот 
патен транспорт со 90% 
- 92%, и во железничкиот со 8% 
- 10%. Во товарниот транспорт 
преовладу ва исто така патниот транспорт со околу 96% 
- 98%, а железничкиот е застапен со 
околу 2% - 4% од вкупно транспортираните товари во периодот 2019
-2022 година.  
Патниот возен парк во земјата постојано се зголемува за сите категории на моторни 
возила. Стапката на пораст на патничките автомобили помеѓу 2018 и 2022 година е со просек 
од 3,5% годишно. Возниот парк е прилично стар, особено патничките автомобили и 
автобусите и над 88% од нив се постари од 10 години. Степенот на моторизацијата во земјата, 
мерен според бројот на патничките автомобили на 1000 жители, е значително зголемен по 
2015 година и се должи главно на увоз на стари автомобили и моторни возила.
 
Товарен сообраќај 
Од вкупниот товарен транспорт на Државата околу 20% е за комерцијални цели, а 
околу 80% е за сопствени потреби. Податоците за превоз на стоки покажуваат дека во 2022 
година значајно се зголемува товарниот патен транспорт (превезени 74,6 милиони тони или 
14 627 милиони тони/km, за разлика од годините на пандемијата кога е регистриран пад за 
6,6%, (од 69 на 65 милиони тони/годишно). Бројот на патници превезени во патниот 
сообраќај со автобуси во 2022 година изнесува 7,1 милиони, од кои 6,7 милиони патници во 
националниот и 0,4 милиони патници во меѓународниот сообраќај.  
Табела бр. 34 Просечен годишен дневен сообраќај за период од 2017
-2022 година , Извор:ЈПДП 
Пат 
2017 
2018 
2019 
2020 
2021 
2022 
А1 
5503 
5597 
9037 
4340 
5901 
6009 
А2 
6695 
6909 
8038 
7447 
9029 
8554 
А3 
3963 
3996 
4257 
4077 
4176 
3873 
А4 
4586 
5307 
8686 
6245 
7620 
8402 
3.5.1.3. Железничка инфраструктура и железнички сообраќај
 
Костурот на железничката мрежа во Државата го сочинува мрежата на ЕУ Коридори 
(Коридорот 10 со кракот 10д и Коридор 8). Вкупната должина на железничката мрежа се 
состои од 699 km отворена пруга, 227 km станични колосеци, како и 102 km индустриски 
пруги. На јвисоки дозволени брзини на пругите за патување на возовите се до 120 km/час. 
 
Железничката линија на Коридорот 10 започнува од граничниот премин Табановцe 
со Србија, продолжува преку Куманово, Скопје, Велес до Гевгелија и границата со Грција. 
Должината на оваа железничка линија изнесува 214,9 km и истата е во целост 
електрифицирана. Согласно категоризацијата на меѓун
ародна асоцијација на железници 
(Union International des Chemins de fer
-UIC ), оваа пруга спаѓа во категорија Д4, односно 
максималното осовинско оптоварување изнесува 22,5 тони, а максималниот линиски товар 
на еден метар должен кој делува на објектите на трасата изнесува 8 (т/м’). 
 
Железничката линија долж кракот на Коридорот 10 -д започнува од Велес, поминува 
преку Прилеп, Битола и се поврзува со железничката мрежа во Грција во станицата 
Кременица. Должината на оваа пруга е 146 km. Оваа пруга не е електрифицирана, а спрема 
категоризацијата на UIC спаѓа во категорија Ц2, односно мак
сималното осовинско 
оптоварување изнесува 20 тони, а максималниот линиски товар на еден метар должен кој 
делува на објектите на трасата изнесува 6,4 (т/м’). На делницата помеѓу Битола и границата 
