Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
91 
од 50 km/h до 130 km/h. Регионалните патишта се поделени во три категории и тоа:
 
- 
Р1 прва категорија, највисоки возно -динамички карактеристики, 
- 
Р2 втора категорија, задоволувачки возно -динамички карактеристики, 
- 
Р29 патишта со најнизок ранг, кои не ги задоволуваат минималните карактеристики 
за регионален пат. 
Локална патна мрежа 
Локалната патна мрежа е со вкупна должина од 9788 km вон градски патишта. Во 
однос на коловозната површина локалните патишта можат да се поделат во три категор
ии: 
асфалтни, макадамски и земјани. Во 2022 година од вкупната должина на локалните патишта 
786 km се со макадамски коловоз, а 411 km се земјани или непробиени делници. Ширината 
на геометрискиот напречен профил на овие патишта е помала од 5,90 m. Во поголем
иот број 
случаи геометриските елементи во хоризонтален и вертикален смисол значително 
отстапуваат од граничните вредности кои се практикуваат на јавните патишта. Одржувањето 
и управувањето со овие патишта е во надлежност на ЕЛС.
 
Гранични премини 
Во Државата има вкупно 19 патни и 4 железнички гранични премини, од кои 17 се 
официјални и се поврзани со државната патна мрежа, како основни точки за меѓународните 
сообраќајни врски и економскиот развој на земјата. Тие обезбедуваат пристап до државните 
и локалните патишта и претставуваат важни комуникациски коридори за превоз на стока и 
патници. Покрај официјалните гранични премини, постојат и 2 мали гранични премини кои 
се надоврзуваат на локалната патна мрежа.  
Табела бр. 33 Гранични премини , Извор: ДЗС 
 
Плански Региони 
Постоечки гранични премини 
Патни 
Железнички 
1 
Вардарски 
- 
- 
2 
Источен 
Рамна Нива А3 (Делчево) 
Клепало 21 Р1310 (Берово) 
- 
3 
Југозападен 
Ќафасан А2/Е852
 
Свети Наум Р501 
Блато Р1202 
Џепиште Р1201 
- 
4 
Југоисточен 
Ново Село А4 
Богородица А1/Е75 
Дојран Р1105 
Богородица 
5 
Пелагониски 
Меџитлија А3/Е65 
Стење Р1307 
 Жабени 
6 
Полошки 
Јажинце Р1203 
Стрезимир Р113 (најблизок пат) 
- 
7 
Североисточен 
Деве Баир А2/Е871 
Табановце А1/Е75 
Пелинце Р1207 
Белановце 29272/Огут 2245 (локален)
 
Голема Црцорија 22 Р2250 
Табановце 
8 
Скопски 
Блаце А4/Е65 
 Волково 
 
21 Клепало е изграден, но не е во функција 
22 Премин кој работи времено и беше затворен за време на пандемијата, се наоѓа во општина Крива Паланка
 
