Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
90 
3.5. Инфраструктурни системи
 
3.5.1. Сообраќај и сообраќајна инфраструктура
 
Република Северна Македонија има поволна географска положба од аспект на развој 
на транспортот и транспортната инфраструктура затоа што се наоѓа во централниот дел на 
Југоисточна Европа низ кој поминуваат транспортни рути кои поврзуваат три континенти: 
Европа, Азија и Африка.  
3.5.1.1. Трансевропска транспортна мрежа
 
За нашата држава особено се значајни два коридори кои поминуваат низ 
територијата во државата (Коридор 10 и крак 10
-д и Коридор 8), кои се дел од 
Трансевропската транспортна мрежа (TEН
-T), усвоена во 1996 година, која ја сочинуваат 
патишта, железници, аеро дроми и инфраструктура за воден транспорт.  
Овие два коридори се вкрстуваат во регионот на Скопје. Главната оска на коридор 10 
е Салцбург -Љубљана -Загреб -Белград -Ниш-Скопје-Велес -Солун, а основната сувоземна 
траса на Коридор 8: Бари – Драч – Тирана – Елбасан – Струга – Кичево – Гостивар – Тетово 
– Скопје – Куманово – Крива Паланка – Ќустендил – Софија – Пловдив – Бургас. 
Во 2013 година TEН
-T мрежата е редефинирана со Регулативата на Европскиот 
парламент 1315/2013 19 како „основна (главна) мрежа“, која го носи најважниот патнички и 
стоков транспорт и „сеопфатна мрежа“, која обезбедува пристап до основната мрежа. Новите 
9 ТЕН -Т коридори се протегаат преку териториите на државите членки, но се предвидува да 
се прошират кон соседните земји, а за земјите од Југоисточна Европа се предвидува 
приклучување на Ориент/Исток 
– Мед коридорот. За Република Северна Македонија 
сеопфатнат а патна мрежа има должина од 850 km, а основната мрежа на патишта се состои 
од 513 km кои поминуваат низ територијата на државата. Сеопфатната/основната 
железничка мрежа во државата ги опфаќа железничките линии од Коридорот 10, 10д и 8, 
како и врската меѓу
 граничниот премин Скопје
-Косово. Основната мрежа има вкупна 
должина од 268 km и ги опфаќа железнички линии на Коридорот 10 и источниот дел на 
Коридорот 8. 
3.5.1.2. Патна мрежа и патен сообраќај 
 
Државна Патна мрежа 
Патната мрежа на Република Северна Македонија во 2022 година ја сочинуваат 15170 
km патишта од кои 897 km се магистрални, 3794 km се регионални, а останатите 9788 km се 
локални патишта. 20 Согласно националната класификација околу 558 km од магистралните 
патишта се дел од европската патна мрежа, ( „Е”- патишта). Поставеноста на целата мрежа на 
јавни патишта е со ориентација кон магистралните коридори (А1, А2, А3 и А4), кои 
претставуваат главни артерии на сообраќајот преку кои транспортот се одвива од 
најширокиот патен профил со најголем капацитет до 
најтесниот пресек со најмал дневен 
проток. Одржувањето на државните (магистрални и регионални) патишта е во надлежност 
на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и Јавното претпријатие 
„Македонија 
пат”. Автопатиштата кои се експлоатираат во моментов се со вкупна должина од 330 km и се 
со 5 различни геометриски напречни профили према кои регулирањето на брзината варира 
 
19 https://publications.europa.eu/resource/cellar/f277232a
-699e -11e3-8e4e -01aa75ed71a1.0006.01/DOC_1 
20 Извор: ЈПДП и ДЗС - Плански развој по региони  
