Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
89 
Освен Вардарскиот плански регион каде има намалување на бројот на легла за 
повеќе од 10% и бројот на соби за повеќе од 3%, во сите останати плански региони во 
изминатите 10 години е регистриран пораст на капацитетот, кој е најголем во Скопскиот 
(скоро 58%) и Полошкиот со 23,34%. Најмал пораст од само 4,34% кај бројот на легла и 5,7% 
кај бројот на соби има во Југозападниот плански регион кој остварува најголем број на 
ноќевања. Тоа укажува на фактот дека сè уште не е достигнато заситување на бројот на 
ноќевања, според бројот на расположливи капацитети на легла и соби. Порастот на бројот на 
соби и легла е со слични вредности за периодот 2012 -2022 година. 
Просечниот пораст на бројот на соби на национално ниво е 11,4% за периодот 2012
-
2022, а на легла 9,2%, што упатува на заклучок дека се градат соби со помал број на легла, 
односно во поквалитетен вид на сместување како што е хотелското.
 
 
 
