Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
84 
горенаведените листи. Секако, во услови на интензивна емиграција тоа е исклучително тешка 
задача. За градот Скопје треба да се размислува во насока на дестимулирање на 
натамошното разместување на стопанските капацитети во градот и во неговата околина (има 
доволно слободни економски зони во околината), па дури и за дестимулирање на 
механичкиот прилив на население (досегашните искуства го говорат токму спротивното.), 
како и за можноста за пренесување на дел од административните државни институции во 
некои од другите градови. 
 
Слика бр. 11 Иницијативи за изградба на стопански објекти надвор од урбани опфати (за период 
2005 – 2021) 
Сепак, останува неизвесно во колкава мера овие градови би можеле да ја понесат 
улогата на полови на развојот. Имено, нивниот потенцијал за искористување на евентуалните 
стимулации за поттикнување на економскиот раст не е соодветен, што е дополнително 
отежнато во услови на стареење на нивното население. Така, во само 3 од 20
-те најголеми 
општини, во старосната структура има позначаен удел на население помладо од 30 години, 
кое во следниот дваесетгодишен период би можело да се најде на пазарот на работна сила
 и 
со тоа да одговори на барањата на евентуалните инвеститори. Во сите останати доминираат 
повисоките старосни групи, кои не само што не носат потенцијал за економски развој, туку 
добар дел од нив наскоро ќе се трансформираат во корисници на пензии, кои по
 правило не 
се ниту значајни двигатели на потрошувачката, што евентуално би придонеле за заживување 
на локалните економии.  
3.3.1.3. Улогата на технолошко
-индустриските развојни зони (ТИРЗ) и нивното влијание врз 
националната економија 
Технолошко -индустриските развојни зони се центри за концентрирано, 
високопродуктивно производство и примена на современи технологии. Нашата држава 
