Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
83 
Процентуалното учество на одделните плански региони во креирањето на БДП во 
2021 година дава јасна слика за нерамномерноста на развојот. Скопскиот плански регион со 
учество од 44,9%, бележи највисок придонес во креирањето на БДП. Потоа, следи 
Пелагонискиот регион со 10%, а Југоисточниот и Југозападниот имаат учество од 8,7% и 8,8% 
соодветно. Источниот и Вардарскиот регион учествуваат со 8% односно 7,3%, додека 
Полошкиот плански регион учествува со 7,5% во БДП. Најмало учество (4,8% или 10 пати 
пониско од Ск опскиот плански регион.) има Североисточниот плански регион.
 
Концентрацијата на економски активности на подрачјето на Скопскиот регион е 
видлива и според голем број други индикатори, како бројот на активни деловни субјекти 
(27.784 или 39% од вкупниот број во 2022 година). Нерамномерноста е особено изразена кај 
големите економски субјекти (со повеќе од 250 вработени), кои во Скопскиот плански регион 
се застапени со 141 голем активен деловен субјект, што претставува 62,1% од вкупниот број 
на ниво на македонската економија (227).  
3.3.1.2. Економска поларизација и оски на развој
 
Примената на теоријата за половите на раст односно развој во македонски услови се 
соочува со голем број предизвици. Според оваа теорија, одредени градски агломерации 
стануваат средишта на поинтензивни економски активности, соодветен демографски раст, 
концентрација на јавни, културни, образовни и други активности. Консеквентно, од нив се 
очекува да емитираат развојни импулси во своето окружување. Преку проекцијата на 
позитивни економски влијанија и користењето на ресурсите од своето окружување, половите 
на раст односно развој би требало да го поттикнат развојот најпрвин на околните градови и 
рурални средини, а потоа и на поширокиот економски простор. На овој концепт понатаму се 
надоврзува идентификацијата на т.н. оски на развојот, кои се состојат од повеќе ра
звојни 
центри, меѓусебно добро сообраќајно поврзани, преку кои се пренесуваат позитивните 
економски влијанија. 
Во Европската Унија често се нагласува улогата на половите на раст и развој, со 
особен акцент на полицентричноста на развојот т.е. развојот на поголем број урбани центри, 
со цел да се избегне концентрација на активностите во едни и маргинализација на остан атите 
региони.  
Во нашата држава, освен во градот Скопје, концентрација на населението и 
економските активности има и во Битола, Тетово, Куманово, Штип, Прилеп, Гостивар, 
Струмица, Охрид, Кавадарци и неколку други помали центри, а во поново време и некои 
општини со рурале
н карактер, кои имаат повисок природен прираст на населението и
 
поголемо учество на младото население. Токму стареењето на населението, понискиот 
наталитет, емиграциите надвор од земјата, како и миграцијата село
-град можат да бидат 
ограничувачки фактори за апликација на теоријата за полови на развојот, бидејќи нивниот 
иден економски потенцијал во голема мера зависи и од расположливата квалификувана 
работна сила. Оваа анализа ја продуцира контрадикторноста помеѓу основните поставки на 
теоријата за полови на развој и нејзиното имплементирање во рамки на политиката на 
регионален развој. Несомнено е дека постоењето силни економски центри е благотворно за 
целата економија, но стимулирањето на нивниот развој ја носи со себе и опасноста од 
продлабочување на јазот што постои помеѓу нив и помалку развиените региони, па со право 
се поставува прашањето дали полот на раст наместо да го поддржува, всушност го исцрпува 
своето окружување.  
Поради ова, се чини дека во дадениов момент треба да се фокусираме на создавање 
нови полови, т.е. да се концентрираме на општините кои не се меѓу првите 7
-8 на 
