Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
80 
Во голем број на општини, во состав на домовите за култура и
/или во општинските 
згради, функционираат повеќе 
дејности од областа на културата
 како што се: театарска, 
музичка, танцова, кинотечна, музејска, библиотечна, галериска , изложбена и други дејности. 
Спорт и рекреација 
Спортските објекти може да се класифицираат како: рекреативни спортски објекти, 
наменети за индивидуална или организирана рекреација на населението и натпреварувачки 
спортски објекти - за тренинг натпревари на спортисти и спортски екипи на национално и 
меѓународно ниво. Распоредот на спортските објекти зависи од критериумите за просторна 
дистрибуција и демографските показатели. Овие објекти претставуваат значаен ресурс кој 
придонесува за развој на спортот и севкупниот развој, како и за здрави навики и начин
 на 
живеење. 
Мрежата на 
спортски и рекреативни објекти
 е незначително зголемена во 
последната декада и ја сочинуваат 43 спортски сали, 55 фудбалски игралишта, 82 
повеќенаменски игралишта, 48 тениски терени, 17 фитнес зони, 9 затворени базени и 3 
куглани 18. 
За организација на спортски активности се користат повеќенаменски терени, како и 
сали во образовните институции (училишни сали). Фудбалски терени има речиси во сите 
поголеми рурални населби. Одржувањето на спортските терени не е на задоволително ниво 
и за дел од нив е неопходна санација и реконструкција.  
 
 
 
18 Извор на п одатоци од Агенцијата за млади и спорт 
