Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
79 
Култура 
Културната дејност во 
Република С. Македонија, се извршува во 66 национални 
институции во 20 единици на локалната самоуправа
, согласно податоци од 2022 година
 17.  
Мрежата на национални установи на културата
 е составена од културни центри, 
театри, музички и музичко
-сценски установи и фестивали/манифестации, уметнички 
галерии, музеи, спомен-куќи, конзерваторски центри, заводи за заштита на спомениците на 
културата, археолошки локалитет и, библиотеки, кинотеки и кина, како и културно -уметнички 
друштва и фолклорни ансамбли. 
Табела бр. 29 Национални установи на културата во Република Северна Македонија
 
Град 
Националн и установи на култура та 
1. 
Скопје 
24 установи: • 7 театри; • 6 музеи, • галерија; • библиотека; • 2 спомен куќи, • 4 
институции кои се занимаваат со музичко -сценска и фолклорна дејност, • 2 установи за 
заштита на културното наследство и • 2 кина 
2. 
Битола 
5 установи: • културен центар, • театар, • музеј, • библиотека • установа за заштита на 
недвижно културно наследство со музеј 
3. 
Велес 
културен центар 
4. 
Гостивар 
3 установи: • театар, • културен центар и • установа за заштита на културно наследство
 
5. 
Градско 
локалитет Стоби 
6. 
Дебар 
културен центар 
7. 
Делчево 
културен центар 
8. 
Гевг елија 
музеј 
9. 
Кичево 
2 установи: • културен центар и • музеј 
10. 
Крива Паланка 
културен центар  
11. 
Крушево 
3 установи: • музеј, • спомен куќа и • установа за култур а која се занимава со 
организација на манифестации 
12. 
Неготино 
културен центар 
13. 
Охрид 
4 установи: културен центар; библиотека; Завод за заштита на спомениците на културата 
и Музеј - Охрид, фестивал  
14. 
Прилеп 
2 установи: • културен центар и • Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј
 
15. 
Струга 
3 установи: • музеј, • културен центар и • установа за организација на фестивал
 
16. 
Струмица 
2 установи: • културен центар и • Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј 
17. 
Тетово 
6 установи: • културен центар, • театар, • библиотека, • галерија и • 2 музеја  
18. 
Штип 
3 установи: • библиотека, • културен центар и • Завод за заштита на спомениците на 
културата и Музеј - Штип 
19. 
Свети Николе 
музеј 
20. Демир Капија 
музеј 
Извор: Нацрт Стратегија за развој на културата на 
РСМ 2023 -2027 
Мрежата на објекти на локалните установи
 ја сочинуваат следните културни 
установи : Културно -информативен центар, Младински културни центар, 
Детски културен 
центар, Дом на културата и 
Партизански дом во Скопје, Домови на културата во Берово, 
Валандово, Виница, Неготино, Гостивар, Демир Хисар, Демир Капија, Гевгелија, Кавадарци, 
Кратово , Крушево, Македонски Брод, Пехчево, Пробиштип
, Радовиш, Ресен, Свети Николе , 
Ново Село –Струмица , Домови за млади во Струмица и Штип и Работнички универзитети во 
Кичево и Гевгелија. 
Резултатите од спроведената анкета на локално ниво, укажуваат дека центрите за 
култура во помалите населени места и руралните населби се претежно во лоша состојба или 
не се во функција (на пр. општините Богданци, Валандово, Конче, Радовиш
, Зрновци и др.). 
 
17 Нацрт -Стратегија за развој на културата на РСМ, 2023
-2027 
