Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
77 
Здравствени установи на примарно ниво
 се здравствените домови (вклучувајќи ги 
и нивните подружници), поликлиники, здравствени домови и амбуланти, односно аптеки и 
подружници на фармацијата. Бројот на општи лекари во Државата е со тенденција на 
намалување (од 1484 во 2020 година на 1447 во 202
2 година).  
Табела бр. 28 Вкупен број на матични лекари и број на лекари на 1.000 осигурени лица, 2022 
година, Извор: ФЗО 
 
Плански 
регион 
Општи матични лекари 
Матични гинеколози 
Матични стоматолози 
Број на 
лекари 
На 1000 
осигуреници 
Број на 
лекари 
На 1000 
осигуреници/жени 
Број на 
лекари 
На 1000 
осигуреници 
Вардарски 
116 
0,86 
15 
0,22 
91 
0,68 
Источен 
116 
0,77 
16 
0,21 
91 
0,60 
Југозападен 
134 
0,75 
18 
0,20 
131 
0,73 
Југоисточен 
130 
0,89 
11 
0,15 
125 
0,86 
Пелагониски 
144 
0,70 
15 
0,14 
155 
0,75 
Полошки 
228 
0,88 
14 
0,11 
165 
0,64 
Североисточен 
132 
0,89 
11 
0,15 
83 
0,56 
Скопски 
477 
0,76 
59 
0,18 
341 
0,54 
ВКУПНО РСМ 
1.477 
0,81 
159 
0,17 
1.182 
0,67 
Податоците за здравствениот стандард укажуваат на значителни регионални и 
локални разлики. Во 2021 година, просечниот број на жители по лекар во РСМ изнесувал 291. 
Во здравствените региони Охрид и Штип овој просек се движи од 210 до 217, додека во 
Валандов о и Крушево - 618 и 839 жители по лекар.  
Воведување рурални лекари/тимови (проект кој почнал да се реализира во 2014 
година) им овозможува на осигурените лица остварување на правото на примарна 
здравствена заштита која ја нема во нивното место на живеење, во здравствен дом со 
седиште во општината
. Но анализата покажува драстично намалување на бројот на 
руралните тимови, што придонесува на неповолната состојба во здравството. Податоците 
укажуваат дека во 208 села со вкупно 35.094 жители нема амбуланта, што значи дека тие се 
упатуваат во здравствени установи во други рурални средини и/или во општинските центри, 
кои се на оддалеченост поголема од десет километри. Поради тоа што се работи за слабо 
инфраструктурно поврзани населби доминантно населени со стари лица, излезот често се 
бара во приватни здра вствени установи кои склучуваат договори со Фондот за здравствено 
осигурување и наплаќаат за нивните услуги
. 
Секундарната здравствена заштита
 ги опфаќа општите болници, кои обезбедуваат 
услуги во рамки на стационарните и поликлиничките оддели, односно амбулантски 
пациенти, како и специјални болници за акутни и хронични заболувања. Мрежата на 
болнички установи ја сочинуваат: 15 општи болници (во
 градовите) и 2 приватни општи 
болници („Ре -Медика“, и „Евроиталија“). Во рамките на оваа мрежа има и пет центри за 
бањско лекување и рехабилитација. 
Терцијарното ниво
 на здравствена заштита опфаќа универзитетски клиники, 
клинички болници, институти и заводи. Клиниката врши високоспецијализирани 
специјалистичко -консултативни и стационарни здравствени дејности од одредена област на 
медицината, а институтот во една или по
веќе области од медицината или денталната 
медицина. Мрежата на терцијарни здравствени установи во РСМ се состои од: 
универзитетски клиники во Скопје (вкупно 30), клинички болници во Тетово, Штип и Битола 
и две приватни клинички болници „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“; заводи (вкупно 6) и 
институти (вкупно 5).  
