Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
76 
(13,3%) на приватните факултети и високите стручни училишта и 356 студенти на верските 
факултети (80 на Православниот Богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје и 
276 на Факултетот за исламски науки - Скопје). На факултетите и стручните училишта
 во РСМ 
(2021/2022) се запишани 3.869 ученици (7,5%) од други 
земји, од кои вкупно 270 студенти од 
земјите на поранешна СФРЈ.  
Ученички и студентски домови 
Во Република Северна Македонија постојат вкупно 18 
ученички домови , со вкупен 
капацитет од 2.537 ученици (околу 4% од бројот на средношколците) и 12 студентски домови 
со капацитет од 4.778 студенти (10% од студентската популација). Очигледен е недостатокот 
на услуги кои го зголемуваат гравитациското подрачје на образовните институции. 
Минимално подобрување на состојбата е детектирано со изградбата на студентскиот 
дом/кампус во рамките на комплексот на Универзитетот во Тетово, со капацитет за 
сместување на 300 студенти. Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович 
Державин“ во Свети Николе, има два кампуси во Свети Николе и Битола, со капацитет за 
сместување н а повеќе од 2.000 студенти . 
Научно истражувачка дејност 
Научно -истражувачката дејност во РСМ се остварува преку следните медиски 
научно-истражувачки и развојни организации: самостојни научно
-истражувачки 
организации; научни единици во состав на Академијата на науките и уметностите и 
истражувачко -развојни единиц и во состав на стопански претпријатија и нестопански 
организации. 
Од вкупно 124 научно-истражувачки организации во Државата, во градот Скопје има 
10 научни институции меѓу кои се и позначајните
 Македонската академија на науки и 
уметности и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.
 
Анализата на постојната состојба на научно -истражувачката дејност во РСМ укажува 
на константен развој на оваа дејност во сите нејзини домени на делување.
 
Социјална и здравствена заштита
 
Во РСМ паралелно функционираат два системи на 
здравствена заштита : како јавно 
добро и како пазарна категорија. Жителите на градските населби (во прв ред поголемите) се 
во привилегирана позиција во однос на просторната пристапност до квалитетни услуги со 
симболична партиципација и употреба на најсовремени дијагностички у
реди од јавниот 
сектор, за разлика од жителите на руралните населби (особено помалите, ридско
-
планинските и ретко населените). Не постојат мобилни здравствени услуги, како еден од 
начините да се доближат одредени видови на здравствени услуги до овие катего
рии на 
корисници. 
Мрежата на здравствени установи е организирана на три нивоа на здравствена 
заштита: примарна, секундарна и терцијарна. Највисок степен на децентрализација е 
спроведен на ниво на примарната здравствена заштита.
 
Мрежата на здравствени установи на Република Северна Македонија ја сочинуваат 
125 институции 16: Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, 10 Центри за 
јавно здравје, 67 болници (јавни и приватни), 7 поликлиники, еден стоматолошки центар, 34 
здравствени домови, 5 здравствени станици. Регистрирани се околу 1.500 приватни 
здравствени организации кои обезбедуваат примарна здравствена заштита.
 
 
16 Здравствена стратегија на Република Северна Македонија 2021
-2030 година 
