Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
75 
на овие ученици во редовните основни училишта, поради што дојде до намалување на бројот 
на овие училишта (во учебната 2018/2019 година имало 43 училишта со 789 ученици).
 
Основното образование за возрасни е организирано во 12 училишта кои во 
2022/2023 година биле посетени од 387 лица.
 
Во рамките на истражувањето и прашалниците доставени до општините недостиг на 
простор во училиштата наведуваат осум од четиринаесет општини кои доставиле одговори 
и тоа: Богданци, Босилово, Василево, Кривогаштани, Теарце, Ранковце, Гази Баба и Чаир.
 
Средното образование во Република Северна Македонија е задолжително за секој 
граѓанин под еднакви услови од учебната 2007/2008 година, согласно Законот за средно 
образование. Во учебната 2022/2023 година, во 129 редовни средни училишта во Државата, 
настава следеле 69.227 учен
ици, од кои 1.755 ученици (2,5%) посетувале приватни средни 
училишта.  
На подрачјето на градот Скопје работат вкупно 34 редовни училишта во кои учат 
повеќе од една третина од средношколците во Државата (24.615 ученици). Во последните пет 
години регистрирано е намалување на бројот на средни училишта кое е најголемо во 
Источниот и Североисточниот регион (по 11%). За лица со 
пречки во психофизичкиот р азвој 
во функција се четири средни училишта (три во Скопје и едно во Штип), во кои во учебната 
2022/2023 година учеле 244 ученици.
 
Табела бр. 27 Број на средни училишта, ученици и професори, Извор: ДЗС
 
Подрачје 
Училишна 2018/2019 
Училишна 2022/2023
 
Број на 
училишта 
Број на 
ученици 
Број на 
професори 
Број на 
училишта 
Број на 
ученици 
Број на 
професори 
РСМ 
132 
71.650 
7.479 
129 
69.277 
7.047 
Вардарски 
11 
4.483 
469 
11 
4.373 
441 
Источен 
14 
5.462 
668 
14 
4.866 
633 
Југозападен 
14 
6.789 
819 
14 
6.429 
741 
Југоисточен 
9 
4.703 
463 
8 
4.311 
442 
Пелагониски 
20 
7.933 
869 
20 
7920 
822 
Полошки 
19 
11.110 
1.367 
17 
10.609 
1.257 
Североисточен 
10 
6.517 
616 
10 
5.795 
547 
Скопски 
34 
24.100 
2.170 
34 
23.391 
2.110 
Високото образование во Република Северна Македонија се реализира на три нивоа: 
основни, магистерски и докторски студии, односно прв, втор и трет циклус на студии. Во 
земјава има шест државни универзитети: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ 
- Скопје (со 24 
факултети), Универзи тет „Св. Климент Охридски“ 
- Битола (со 10 факултети), Тетовски 
универзитет (со 11 факултети) универзитет „Гоце Делчев“ во Штип (со 14 факултети), 
Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ 
– Охрид (со четири 
факултети) и Универзите т „Мајка Тереза“ – Скопје (со пет факултети). Покрај државните, има 
и десет приватни универзитети, еден колеџ и три стручни училишта.
 
Во учебната 2021/2022 година на 134 факултети се запишани 51.582 студенти на 
додипломски студии, а 719 студенти посетувале високи стручни училишта
15. Во последните 
неколку години бројот на студенти е речиси ист (околу 51.000), додека на почетокот и 
средината на последната деценија евидентен е пад на бројот на студенти. Во учебната 
2021/2022 година во РСМ на додипломски студии се запишале 47.713 студен
ти (граѓани на 
РСМ), од кои 41.024 (86%) на државните факултети и високите стручни училишта, 6.333 
 
15 Запишани студенти на додипломски студии, 2021/2022 година, ДЗС, 2022 година
 
