Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
73 
Град 
Станови 2021 г. 
Површина на урбано 
подрачје на градот (ha) 
Станбена густина 
2021 г. (станови/ha) 
Македонска Каменица 
1788 
200 
9 
Свети Николе 
4514 
727 
6 
Демир Хисар 
1100 
162 
7 
Кавадарци 
11580 
872 
13 
Кичево 
12435 
1433 
9 
Валандово 
1768 
181 
10 
Струга 
7154 
856 
8 
Делчево 
3908 
454 
9 
Демир Капија 
1423 
196 
7 
Кратово 
2852 
235 
12 
Кочани 
13686 
1039 
13 
Прилеп 
28949 
1917 
15 
Неготино 
5185 
369 
14 
Берово 
4153 
367 
11 
Пехчево 
1416 
173 
8 
Битола 
33367 
2573 
13 
Куманово 
27179 
3506 
8 
Велес 
15612 
1107 
14 
Пробиштип 
4654 
278 
17 
Радовиш 
6521 
375 
17 
Македонски Брод 
1322 
83 
16 
Ресен 
3516 
298 
12 
Гостивар 
13642 
718 
19 
Тетово 
22559 
1117 
20 
Во изминатиот 15 -годишен период (2008 -2022 година) во РСМ се изградени вкупно 
34.618 станови, од кои 94% се во приватна сопственост. Најголем дел од новоизградените 
станови се во Скопје (61,5%) и општините со градски населби: Струмица (9%), Охрид (5%) и 
Куманово и Битола со по 3,6%.  
Во поглед на опременост на становите со инсталации во 2021 година, највисок е 
степенот на приклучување на становите на електрична мрежа (96%) и на јавен водовод 
(89%). Најголем дефицит има во снабдувањето со јавна канализација. На ниво на РСМ дури 
25% од в купниот број станови немаат приклучок на јавна канализација. Од општините со 
градски населби, најлоша е состојбата во Демир Хисар, каде 66% од становите не се 
приклучени на јавна канализација. Централно (парно) греење
 имаат само околу 1/3 од 
становите во РСМ, а учеството на становите со инсталација за соларни колектори едвај 
надминува 10% на национално ниво. Во вкупната структура, дури 11% од становите во РСМ 
немаат тоалети. 
 Во 2021 година од вкупниот станбен фонд, (839.174), само 0,6% (4.644) се станови во 
сопственост на Државата. Просторно, тие се лоцирани во градовите: Скопје, Битола, Охрид, 
Прилеп, Кичево, Кочани, Куманово, Штип, Кавадарци, Струмица, Тетово и Велес. Најго
лем 
број државни станови има во Скопје (1.796), т.е. околу 39% од сите станови се наменети за 
непрофитно домување. Проектот за реализација на социјално домување, кој започна во 2009 
година, со кој е предвидено обезбедување на домување за социјално чувствит
елните групи 
на население, до 2020 имаше реализација од 23%, а до 2023 година се изградени 18 згради 
со 842 станови, 6 објекти со 438 станови, 5 се во подготовка
, а еден објект е во тек на 
изградба. 14 
 
14 Годишен извештај за работењето на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор 
од значење за Републиката за 2022 година
  
